„Коалицијата изврши напад на сириските трупи во близина на Танф. Овие сили делуваа во рамките на утврдените зони за деескалација на југот на Сирија“ – се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека владините сили претставувале закана за американските и коалиционите сили во базата Танф, недалеку од заедничката ирачко-сириско-јорданска граница, каде американските специјални сили спроведуваат обука за сириските бунтовници.

Неименуван воен претставник, кој го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави дека овде станува збор за “напад како предупредување“ со цел спречување на напредувањето на сириските владини сили и сојузничките милиции во правец кон базата Танф.

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 21:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар