Неименуваниот маж ја поставил фотографијата на социјалната мрежа Твитер. Но во отсајајот на очилата се гледа дека во моментот човекот управува со возило.

Под фотографијата е напишано: „Последна вечер како слободен маж. Женет човек од утре. Страшни времиња“.

Но полицајците кои ја забележале оваа фотографија му искоментирале дека не добиле покана за свадба. “Сакаме да ти испратиме поклон а тоа е казна од 200 фунти и 6 казнени поени“, стои во твитот на полицијата.


Driver who took selfie at the wheel caught out by reflection in sunglasses
Од полицијата додале дека ваквите луѓе преку својата глупавост им го уништуваат животот на совесните возачи.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 22:15
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:04

коментари

остави коментар