Со финансии од Европската Унија преку Еразмус + програмата, проектот ќе го спроведат Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT  од Грција и Sprijan si Dezvolatare од Романија.

- Целта е преку едукација и зголемување на претпремничките вештини на младите луѓе, на долг рок да го намали одливот на таленти од земјава, да ја намали невработеноста и да го развива претприемништвото во Македонија, соопштија од Здружението ЦЕФЕ Македонија.

Како што појаснуваат, предвидено е да се формира Академија за претприемништво во која ќе се вклучат 60  млади лица, по 20 од Македонија, Романија и од Грција. Преку Академијата, младите треба да ги развиваат своите претприемнички способности и да се запознаат со професионалци од бизнис-секторот, коишто ќе ги информираат за новостите и ќе им пренесат знаење за организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси.  /МИА

коментари

остави коментар