„Со почит кон претседателските твитови за тоа дека претходната администрација го прислушувала, јас немам информации кои би ги поддржале тие твитови – изјави директорот на ФБИ Џејмс Коми за време на неговото сведочење во Конгресот на САД.

Според нив, исти став има и министерството за правда кое ја надгледува работата на ФБИ и другите агенции.

Коми додаде дека ниту еден поединец не може да нареди прислушување на некој граѓанин на Америка, туку дека дозвола за тоа даваат судовите после ригорозен процес на одлучување.

Пред Конгресот сведочеше и директорот на НСА, Мајк Роџерс кој ги отфрли сугестиите на Трамповата администрација дека Националната безбедносна агенција барала од британските разузнавачки служби да го шпионираат претседателот на САД.

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 20:16
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:18

коментари

остави коментар