Оттогаш често добиваше прашања дали со песната сака нешто да ни порача, но таа упорно одбиваше да признае било какви искуства со истиот пол, се до сега.

Иако во 2011 година призна дека се бакнала со девојка, ништо повеќе не проговори за тоа. Сепак, сега призна дека направила многу повеќе од тоа.

На одржаната гала вечера на Human Rights Campaign во Лос Анѓелес одржа говор за тоа додека ја преземаше наградата National Equality Award.

„Да бидам искрена, направив многу повеќе од тоа, но како да излезам на крај со тоа дека една девојка која израснала во црковни кампови направила нешто такво? – изјави Кети и додаде дека била љубопитна.

„Тие луѓе не се ништо од она за кое ме учеа. Тие се најслободни, најсилни, најљубезни и најотворените луѓе кои некогаш сум ги запознала. Тие го раздвижија мојот ум, тие ми го исполнија срцето со радост...Тие личности се всушност магични, а магични се бидејќи ја живеат својата вистина“ – изјави пејачката говорејќи за сексуалноста.

Таа исто така додаде дека не сака да седи во тишина и да мора да се бори со тоа што го чувствува, а тоа е еднаквост и правда за сите.

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 18:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар