Оваа фирма го доби тендерот за набавка на гас за Ј.П Струмица гас заедно со друштвото Галилео С.А на меѓународен повик за доставување најповолна понуда, во согласност со највисоки стандарди и доставена најниска цена.

Тоа го знаат и институциите на системот и Бирото за јавни набавки, раководено од кадар на власа во заминување.

Измислица е дека фирмата СИ ЕН ЏИ Системс била фантомска и нема вработени и опрема, бидејки оваа фирма, работи во партнерство со друштвото Галилео С.А., користи опрема (што значи поседуваат) за реализација на работните проекти, а бројот на ангажирани лица во нив е шест, не едно.

Апсурдот да биде поголем, секојдневно струмичани се сведоци дека постои транспорт и снабдување на компресиран природен гас!

Бараме извинување од Стојановски, во спротивно ќе поднесам и против него тужба за клевета.

Ја известувам јавноста дека веќе имаме поднесено тужби за клевета против нарачани текстови со иста содржина во весникот вечер, а се подготвува тужба и против Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на кого пред Стојановски очигледно му било наложено да чита тенденциозни лаги.

коментари

остави коментар