- Поголема група граѓански организации и експерти покрена иницијатива да го здружи своето знаење во различни области со цел на еден сублимиран начин да се исцртаат важните и итни чекори што треба да се преземат за да се спроведат демократски реформи и да се создаде амбиент за одржување кредибилни, фер и слободни избори, рече на денешната прес-конференција Александар Јованоски, претставник на иницијативата  „Предлог за итни демократски реформи“.

Документот има неколку поглавја: јавни финансии и економија, правосудство, борба против корупција, избори и изборен систем, медиуми, јавна администрација, Собрание,  образование и младински политики, животна средина, граѓанско општество...

Тој истакна дека за поголема ефикасност, Документот треба да се прифати во целина и додаде оти мерките треба да ги спроведе експертска влада. Јованоски очекува иницијативата да ја поддржат граѓани, НВО, политичките партии и претставници на меѓународната заедницата.

Иницијативата е поддржана од Граѓанската асоцијација МОСТ, Македонскиот центар за европско образование, Фондацијата отворено општество-Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија... 

Датум на објава: петок, 08 јули 2016 во 16:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар