Посочувајќи го отсуството на Шиков како голем проблем за дефанзивната линија, Треневски сепак е задоволен од конечниот исход со кој „романтичарите“ остануваат во игра за пласман во следната квалификациска рунда.

- Ако се земе во предвид текот на натпреварот секако дека треба да сме задоволни од крајниот исход, кој ни дава надеж и активен резултат пред реваншот во Минск. Јасно е дека Шиков многу ни недостигаше, тоа беше очигледно на оваа средба. Сепак, задоволен сум што игравме со срце и дури и со фудбалер помалку ја надоместивме негативата. Што се однесува до реваншот, одиме во Минск да се обидеме да се пласираме во следното коло, рече Треневски на прес-конференцијата по натпреварот.

Работнички вчеравечер одигра нерешено 1:1 со Динамо Минск во првиот дуел од второто квалификациско коло за Лига Европа. Реваншот во Белорусија е на 20 јули. /МИА

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 08:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар