Петтиот светски рекет преку соопштение ја информира јавноста за неговата одлука.

- Мислам дека е најдобро да ја „прескокнам“ сезоната на земјена подлога и да се подготвам за тревната и тврда подлога. Дојдов до заклучок дека играњето на земја не е во интерес на мојот тенис и на физичката подготовка за другиот дел од сезоната. Се надевам на учеството на „Ролан Гарос“ следната година, истакнува Федерер.

Тој е најуспешниот тенисер по бројот на освоени Грен слем турнири. Има вкупно 18, од кои само еден на земјена подлога. 

Датум на објава: вторник, 16 мај 2017 во 09:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар