- Се подготвуваме на се, само не на вакво судење. Натпреварот беше совршен, но судиите не беа дораснати за ваков дуел. Никогаш не сум подржувал воведување на видео технологија, но морам да признавам дека сега е неопходна. Ова што се случи на натпреварот е недозволиво за ова ниво, изјави Анчелоти.

Тој додаде дека Реал Мадрид не влијаел на судењето, туку, како што рече, едноставно судиите судеа лошо.

Баерн го загуби натпреварот по продолженија со 4:2, откако во основните 90 минути победи со 2:1 и ја анулира предноста на Реал од првиот меч во Минхен. Еден од трите гола на Кристијано Роналдо беше од чист офсајд, еден беше од сомнителна ситуација, а фудбалерот на германскиот тим Артуро Видал неоправдано беше исклучен во 84.минута. /МИА

Датум на објава: среда, 19 април 2017 во 10:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар