Австралијанецот доби 39% од гласовите на тренерите, играчите и навивачите, оставајќи го зад себе Вања Маринковиќ од Партизан со 19,4% и Алфа Каба од Мега Лекс со 9,3%.

На сајтот на регионалното натпреварување е наведено дека Болден најголемиот број гласови од вкупниот процент го добил од тренерите, додека ако се одвои само изборот на навивачите, тогаш би победил Маринковиќ.

Во својата прва сезона во АБА лигата Болден просечно постигнуваше по 12,9 поени, 7,2 скока и 1,8 асистенција по натпревар и просечно 14,9 индексни поени што го прави 15-играч по индекс на корисност. 

Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 13:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар