Предводник во триумфот на Вашингтон беше Бредли Бил со 25 поени, исто толку поени постигна и Стеф Кари во поразениот тим.

Нов „трипл-дабл“ (30. оваа сезона) запиша и Расел Вестбрук во победата на Оклахома над Јута. Вестбрук мечот го заврши со 43 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Постигнати резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска:
Вашингтон – Голден Стејт 112:108,
Детроит – Портланд 120:113 (по продолжение),
Чикаго – Денвер 107:125,
Мемфис – Феникс 130:112,
Оклахома – Јута 109:106 и
ЛА Лејкерс – Шарлот 104:109.
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 50-10 (победи-порази), Сан Антонио 45-13, Хјустон 42-19, Јута 37-23, ЛА Клиперс 36-23, Мемфис 36-25, Оклахома Сити 35-25, Денвер 27-33,...
Пласман Источна конференција: Кливленд 41-17 (победи-порази), Бостон 38-23, Вашингтон 35-23, Торонто 36-24, Атланта 33-26, Индијана 31-29, Чикаго 30-30, Детроит 29-31,... 

Датум на објава: среда, 01 март 2017 во 10:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар