Воедно ова беше прво финале кое е решено во продолжение, а Њу Ингланд направи подвиг откако се врати од – 25.

Во првиот период ниту една екипа немаше водство (0:0), а вториот период Атланта го доби со 21:3. Кон средината на третиот период Атланта водеше и со 28:3. Во последниот период Њу Ингланд имаше скор од 19:0 и се избори за продолжение кое го доби со 6:0 или вкупни 34:28.

Квотербекот на Њу Ингланд Том Брејди го доби признанието МВП на финалето, што за него претставува трета ваква награда, а тој има вкупно пет титули со што ги надмина легендарните Џо Монтана и Тери Бредшо. Пет титули има единствено Чарли Харли. /МИА

Датум на објава: понеделник, 06 февруари 2017 во 10:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар