Избраниците на селекторот Илија Темелковски со максимално залагање во играта најавија дека ќе се борат за првото место во групата кое обезбедува пласман на СП 2017 во Алжир.

Покрај Македонија и Полска, во оваа група се уште и селекциите на Португалија и Турција. Македонија воедно е и домаќин на овој квалификациски турнир кој се игра во СРЦ „Кале“.

Мице Шилегов беше најефикасен со осум погодоци, Талески додаде пет, а по четири гола постигнаа Нелоски и Велковски. Томовски запиша осум одбрани во првото полувреме, а Даниловски шест во второто.

Утре во вториот натпревар од 17:45 часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Португалија која денеска во дуелот со Турција славеше убедливо со 40:27./МИА

коментари

остави коментар