Второто место му припадна на водечкиот од пласманот за слалом Хенрик Кристоферсен од Норвешка, кој имаше 21 стотинка заостанување, додека на третата позиција заврши најдобриот од првата трка Русинот Александар Хорошилов, кој имаше 32 стотинки послабо време од победникот.

Во пласманот за слалом по три трки Кристоферсен води со 280 бодови, пред Хиршер со 260, додека во генералниот пласман по 15.та трка Хиршер е прв со 721 бод, пред Аксел Лунд Свиндал (Норвешка) со 636. /МИА

Датум на објава: среда, 06 јануари 2016 во 16:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар