Членот на ПСЖ до вредната титула во Лига 1 дојде со прикажаните игри и придонесот од 29 голови во освојувањето на шампионскиот трофеј на својот тим, прв по пауза од 19 години.

Ибрахимовиќ во изборот за најдобар фудбалер зад себе ги остави клупскиот колега Тиаго Силва и Пиер-Емерик Обамејанг од Сент Етиен.

Во конкуренција на млади фудбалери победи Флориан Товин од Бастија.

Признанието за најдобар тренер го поделија Карло Анчелоти (ПСЖ) и Кристоф Галтие (Сент Етиен).

Датум на објава: понеделник, 20 мај 2013 во 10:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар