Јапонска новинарка , која била дрогирана и силувана од пријател на премиерот Абе, победи на суд

Шиори Ито, 30-годишна новинарка, извојува голема победа: судот во Токио вчера донесе одлука во нејзина корист и му нареди на Нориуки Јамагучи да и плати 3,3 милиони јени како отштета за силување.

Станува збор за 30.000 американски долари, но Шиори Ито има цврста причина да слави бидејќи судиите исто така го отфрлија контра-обвинението од 53-годишниот Јамагучи, поранешен шеф на јапонското дописништво на ТБС во Вашингтон, пријател на јапонскиот премиер, Шинзо Абе.

„Победивме“, изјави таа пред судот, носејќи транспарент со натписот „Победа“. „Поминав долг пат. Но, верувам дека ваквите мали чекори можат да доведат до големи промени “, рече Шиори Ито, со надеж дека пресудата ќе послужи како пример за промена на законите во Јапонија што се однесуваат на силување.

Јапонија е сè уште многу конзервативна земја каде жените се принудени да играат традиционални улоги. Ова е причината зошто Шиори Ито стана симбол на јапонското движење #MeToo и новата самосвест на жените затоа што не прифати дека никој нема да и помогне, откако ќе биде силувана, па отиде да се бори за правда.

Таа се осмели да зборува јавно, под своето име, и опстојуваше во тужбата, и покрај лавината обвиненијата што се спуштија врз неа преку социјалните мрежи.

Инцидентот се случил во 2015 година. Како хонорарна новинарка, Шиори Ито се состанала со реномираниот и моќен телевизиски новинар Јамагучи кој ветил дека ќе и најде работа. Јамагучи е еден од најпознатите јапонски новинари, еден од неколкуте што можел во секое време да му се јави на премиерот Абе. Тие се состанале на ручек во ресторан во Токио и пиеле по јадењето. Што точно потоа се случило, Шиори Ито не знае. Таа претпоставува дека Јамагучи и ставил нешто во пијалокот и ја одвлекол во хотелска соба каде ја силувал. „Кога станав свесна, лежев во хотелска соба, и тој беше над мене. Многу ме повреди “, рече новинарката во интервјуто за АФП.

Сепак, Шиори Ито не е типична жртва на силување, која со години ќе го крие силувачот, страдајќи од срам и чувство дека мора да биде виновна. Таа отишла во полиција да го пријави силувањето. Полицијата не се потрудила: не побарале да биде тестирана и да се утврди дали е дрогирана или не. Не издале налог за апсење на Јамагучи.

Екстремно малку силувања се пријавени во Јапонија, десет пати помалку отколку во САД. Владата проценува дека едвај четири проценти од случаите се пријавени.

Шиори Ито не само што реши да истрае во тужбата, таа излезе во јавноста и го објави случајот. Зборуваше јавно за тоа како советодавната служба за жртви на силување одбила да и ’даде совет по телефон, гинекологот не знаел како да се справи со силување, полицијата ја прашала болни детали во сведочењето, морала да покаже на големата кукла точно што и се случило.

Таа ја напиша книгата „Црна кутија“, која е преведена на англиски, шведски, француски, кинески и корејски, БиБиСи направи документарен филм за неа, и стана икона на јапонското движење #MeToo.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер