Тој покрена тренд, а гледачите уживаат во препирките на „лошиот“ Коуел и неговите колеги од жирито на британскиот „Х Фактор“ . Но, бидејќи 60-годишниот продуцент порано нервираше многумина со своите коментари, не го штедеа ниту него на социјалните мрежи.
И тоа заради неговата - дебелина. Кауел се здебели последниве години, но неодамна јавно проговори за неговата нова диета. Набргу потоа, сите беа целосно запрепастени од трансформацијата.
Тој ја именува диетата „Ерик Кауел Нутриција“ по неговиот 5-годишен син Ерик, кого го доби во врска со Лора Силверман.
"Лекарот, откако направив тест на крвта, ми рече дека не треба да јадам црвено месо, млечни производи, глутен, шеќер и леб. Не треба да пијам ниту алкохол. Јас само се држев до тоа и се исплатеше", рече тој за Метро. Коуел почнал да се придржува кон новиот режим во 2017 година, откако заврши во болница поради исцрпеност и низок крвен притисок.
„За 24 часа, целосно ја сменив исхраната и не се свртев наназад. Колку подобро се чувствувате, толку подобро ќе изгледате“, заклучи тој.
Како и обично, семејството Коуел овој декември е на одмор во Барбадос , а фотографиите кои последниве денови го обиколија светот се доказ дека диетата се исплатила. Телевизискиот магнат се преполовил, покажувајќи нова фигура додека се дружи со семејството на плажа.
„Најмногу ослабнав од она што не ми беше дозволено да јадам, месо, млеко, пченица и шеќер - ова беа четирите главни работи“, објаснува тој.
И покрај тоа што никогаш не се откажа од пушењето, тој изгуби околу 15 килограми за две години.