Протестот беше најавен како ризик за јавниот ред и мир, па сепак помина мирно и без инциденти
Според црногорската полиција, се собрале околу 6.000 граѓани.
Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие во обраќањето пред собраните верници рече дека црногорската влада со предложениот закон сака да ги приграби храмовите.
"Овие модерни будали сакаат да си ги земат храмовите за себе. Турците не го направиле тоа што сакаат овие безбожни луѓе. Тие ги земаат црквите и им ги даваат на секти. Оваа група на богати, поранешни титоисти, ги ограбија сите богатства и сега ги сакаат и храмовите"рече Амфилохие.
Во прогласот прочитан од епископот Диоклецијан Методиј се наведува дека законот за слобода на религија е „закон против православието“.
"Во Црна Гора денес, владата сака да го смести Бога и партиската држава на исто место . Денес во Црна Гора, државата не дозволува уставно загарантирана слобода на религијата, особено на Православната црква", се вели во прогласот.
Српската православна црква бара црногорската влада, како и со Католичката црква и исламската заедница, да склучи договор со кој се уредуваат прашањата од заеднички интерес.
Црногорската полиција, како што е соопштено по протестот, „постапила на организиран, професионален и одговорен начин во согласност со нивните законски овластувања “.
На граничниот премин Вилуси кај Никшиќ, црногорските граничари не дозволија верниците од Република Српска да влезат во Црна Гора.
Во оваа прилика, членот на српското претседателство Милорад Додик рече дека станува збор за гест на непочитување и лоша порака не само до граѓаните на Република Српска и БиХ, туку и за регионот.
„Овој гест на црногорската гранична полиција секако не ги поддржува јавно прогласените ставови на црногорската влада за потребата од поттикнување добрососедски односи и соработка“, рече Додик.
Црногорските законодавци треба следната недела да го донесат законот за слобода на религија со кој се предвидува дека сите верски објекти се во сопственост на државата Црна Гора, одвен ако пред губењето на нејзината независност во 1918 година, подоцна не станале сопственост на верска заедница со правен акт , признат како државна сопственост и испишан како културно богатство.
На законот најмногу се спротивставува Српската православна црква во Црна Гора, која поседува околу 700 верски објекти.