TeleDoc конечно во Македонија

ТeleDoc е фантастичен производ и одличен начин за преземање контрола на вашата здравствена заштита.

Европската водечката телездравствена услуга КОНЕЧНО И КАЈ НАС! Телемедицинско решение што ги решава трите најголеми проблеми во здравството:

  • Во секое време, од секое место, 24/7/365 на ваше располагање
  • Консултација и советување за здравствени проблеми
  • Нема повеќе чекање за медицинско внимание

ТeleDoc е фантастичен производ и одличен начин за преземање контрола на вашата здравствена заштита.

Тeledoc е европска водечка телездравствена услуга. Кога не се чувствувате добро, или имате прашања поврзани со вашето здравје, можете да добиете квалитетна нега од најразлични лиценцирани здравствени работници. Наоѓањето на лекар, медицинското досие, управувањето со здравствените ризици и одржувањете на здравјето се вообичаени предизвици ширум светот. Нашите виртуелни здравствени услуги им овозможуваат на членовите да имаат пристап до широк спектар на експертиза и да добијат основни упатства за подобро навигирање и решавање на нивните здравствени потреби.

ТеleDoc лекарите се достапни во секое време, ден и ноќ.

Имајте лекарска нега 24 часа на ден, 365 дена во годината. Барањата можат да се прават преку веб или мобилна апликација. Изберете време што е најдобро за вас, а Теledoc пребарувајќи ја својата мрежа ќе ве поврзе со лиценциран доктор.

Искусните професионалци на ТеleDoc се способни да советуваат за многу здравствени проблеми.

Виртуелната грижа како прва точка за пристап до здравствениот систем ги подобрува крајните резултати и нема дополнителни трошоци. За само 499 денари месечно, 2.499 денари годишно, или чланарина за целото семејство за 4.899 денари годишно може да ја користите оваа здравствена платформа која е изградена врз принципите на одговорност, интегритет и квалитет.

TELEDOC- најдобар начин за превентивна грижа за Вашето здравје!

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер