Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.

- Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.

Фото: Фејсбук на ЗОО Скопје

Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 18 степени.

-И во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, над 60 километри на час, најави УХМР.

Според прогнозата на Управата, во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Фото: Во голем пожар во пристаништето во Медулин уништени над 30 јахти

 Најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето во Медулин на хрватското крајбрежје, јави хрватската национална телевизија ХРТ, повикувајќи се на информации од полицијата во Истра.

Полицијата добила дојава за пожар во пристаништето утрово во 03:55 часот. Досега изгореа 30 пловила, а неколку од нив потонаа. Пожарот се уште беснее, се слушаат и експлозии, јави ХРТ.

Пожарот се шири од една на друга јахта. Засега нема информации за жртви во пожарот.

Медиумот јави дека просечната цена на една јахта усидрена во тоа пристаниште е околу 150.000 евра.

Денвер и Њујорк на чекор до полуфинале во НБА плејофот

Една победа ги дели екипите на Њујорк никс и Денвер нагетс од пласман во полуфиналето на плејофот во НБА-лигата.

Ова е епилогот по двата ноќешни натпревара на кои Никс и Нагетс забележаа победи.

Резултати:

Њујорк никс – Индијана пејсерс 121:91

Денвер нагетс – Минесота тимбервулвс 112:97.

Во серијата прв до четири победи Њујорк и Денвер водат со 3:2.

Вечер по полноќ играат:

Бостон селтикс – Кливленд кавалирс (3:1 за Бостон)

Оклахома Сити тандер – Далас маверикс (2:2).

притисни ентер