Велковски во Струмица: Лицата со попреченост бараат целосен ремонт на системот

Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор, денеска во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оставри средби со граѓански организации кои застапуваат права на маргинализирани групи. 

Креирањето на паметна социјална политика значи да се изгради партнерски однос помеѓу државата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Граѓанските организации се од исклучително значење за нас бидејќи тие најдобро ги познаваат потребите на ранливите групи, а особено децата кои живеат со здравствени и социјални проблеми, потенцираше министерот Велковски.

Системот на социјална заштита за лицата со пропреченост изминативе години е неправеден, а одредени групи се оставени на маргините. Мораме да го подоброме функционирањето на системот за да не се соочуваме со парцијални решенија кои ќе носат времени решенија. Министерството мора да изработи регистар на лица со попреченост - заклучија преставниците на граѓанскиот сектор.

Системот на социјална заштита треба да се развива, во насока на градење на сеопфатни социјални услуги на локално ниво, и тоа како во урбаните, така и во руралните средини. Но, за ова потребни ни се силни провајдери на локално ниво. Набрзо после изборите мора да се започне и со темелни реформи кои ќе бидат олеснување на лицата со попреченост -

потенцираше Велковски.

Меѓу граѓанските организации со кој министерот оствари средба се: Здружението на лица со телесна попреченост Размислувај Различно Струмица, хуманитарното Здружение на граѓани за деца со аутизам, Здружение на глуви и наглуви, Здружение на слепи лица, Здружение на лица со хендикеп Мобилност и Здружение на лица со Даунов синдром, соопштуваат од МТСП.

На Фицо ќе му биде извршена уште една операција

Словачкиот премиер Роберт Фицо врз кого вчера беше извршен атентат во градот Хандлови, го чека уште една операција, пишува словачкиот портал Правда.

Абдоминалното крварење на Фицо е запрено, но тој се соочува со операција на колкот.

Во меѓувреме, полицијата го обвини напаѓачот на премиерот за убиство со предумисла и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

Како што пренесува порталот, напаѓачот, за кого медиумите пренесуваат дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, рекол дека е горд на својот чин.

РТВС објави дека напаѓачот моментално се наоѓа во ќелијата на Националната агенција за криминал во Нитра.

Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер по вчерашниот атентат во градот Хандлови, но таа се уште е тешка, соопшти претходно денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.

Два медицински тима го оперираа словачкиот премиер пет часа.

„Во моментов се преземаат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба“, рече словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак.

Словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток денеска побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за национална безбедност, а Владата ќе одржи седница.

Министерот за внатрешни работи информираше дека ќе ја зајакне заштитата на политичарите и одредени медиуми, пренесува словачки та3.

Напаѓачот пукал пет пати, по што полицијата веднаш го привела, а премиерот веднаш бил префрлен во болницата во Банска Бистрица.

ЕУ со истрага против Фејсбук и Инстаграм поради заштита на децата

ЕУ отвори формална истрага против Фејсбук и Инстаграм поради сомневање дека платформите во сопственост на Мета предизвикуваат зависно однесување кај децата.

„Не сме убедени дека направиле доволно за да се усогласат со обврските од DSA (Закон за дигитални услуги/Digital Services Act) за да се ублажат ризиците од негативни ефекти врз физичкото и менталното здравје на младите Европејци“, рече комесарот за внатрешниот пазар на ЕУ, Тиери Бретон.

Гасперини: Не сме задоволни од поразот, но не сме разочарани од нашиот настап

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини се осврна на поразот на неговиот тим од Јувентус вчеравечер во финалето на турнирот во Копа Италија. 

Гасперини е разочаран но и подготвен за следните натпревари во домашниот шампионат и во Лига Европа.

- Игравме против силен противник кој брзо поведе и одлично се бранеше. Мислам дека и Аталанта играше добро, имавме иницијатива долго време, но не можевме да создадеме многу шанси за гол, но сепак имавме шанси да ја свртиме ситуацијата. Не сме задоволни со поразот, но не сме толку разочарани од нашиот настап. Тоа е загуба и нормално дека ќе се зборува за нас, но имаме важни цели кои допрва треба да ги оствариме во Серија А и Лига Европа, изјави Гасперини.

Следната недела, на 22 мај (среда), екипата на Аталанта ќе се појави во финалето на вториот најмоќен турнир во организација на УЕФА - Лигата на Европа. Таму тешките Италијанци ќе се сретнат со Баер (Леверкузен) кој нема пораз оваа сезона.

притисни ентер