Стојаноска:Во Платформа 1198 за Јегуновце предвидено реконструкција и изградба на инфраструра

На 24-ти април огромен број на гласачи испратија силна порака до актуелната, но и до идната власт. 

На актуелната власт и’ потпишаа решение за долгогодишен одмор, додека на идната власт и’ даваат можност да почне да ги исправа нештата, но без никаков простор за било каква грешка или пропуст, вели носителката на листа за пратеници во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска на денешниот митинг во Јегуновце.

Таа посочи, додека актуелната власт се созема од добиениот нокдаун и најавува дека ќе почнела од нула, идната власт на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на програмата платформа 1198 и на дел од инфраструктурните проекти за општина Јегуновце.

Проектите во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Јагуновце се следните:

- Реконструкција на патниот правец Желино – Јегуновце до 2028-ма година;

- Реконструкција на патниот правец Лешок – Шемшево до 2028-ма година;

- Реконструкција и изградба на локалниот пат Копанце – Туденце;

- Локален пат од Туденце до Сириќино, реконструкција на пат во Сириќино;

- Реконструкција на локални улици во Јегуновце;

- Доизградба на фекална канализација во Јанчиште и Подбреѓе;

- Изградба на фекална канализација во Ратае;

- Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Старо Село;

- Изградба на регионален пат Рогачево и

- Тампонирање на пристапни патишта во Јанчиште, Подбреѓе, Копанце, Раотинце, Туденце и Прељубиште.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, исто така додаде Стојаноска, ветува и 5.000 денари поголеми пензии за сите пензионери уште во првата година, спорт, градинка и учебник за секое дете, дигитален попис на населението во 2026-та, доходовна поддршка за земјоделците и уште многу други проекти кои ни ги предложија граѓаните, ни ги срочија експертите, а ни ги пресметаа и одобрија финансиерите.

Посочи дека идната власт нема да креира закони во затворени канцеларии и истите криминално да ги протнува низ Парламентот, туку ќе креира закони од и за народот, закони кои ќе бидат широко и отворено дебатирани и закони кои ќе добијат заслужен професорски експертски потпис од идната претседателка на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова,се наведува во партиското соопштение.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

(СТАВ) Прашање до сите правници и професори во Македонија и Грција...

Знаете ли што значи правната фраза - ERGA OMNES? Доаѓа од латинскиот израз кој означува - ЗА СИТЕ. Ако договорот од Преспа во чл.1, точка 3 вели дека е ERGA OMNES, однос важи за сите, како тогаш...  

...не важи за сите граѓани во Македонија и во светот ( според правното значење на erga omnes )?

Ако го погледнете договорот од Преспа кој е депониран во Обединетите Нации, ќе видите дека ERGA OMNES-от сепак не е „ERGA OMNES“, односно во чл. 1, точка 3, подточка f вели дека користењето на придавките од името Северна Македонија НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за оние правни и физички кои не се основани со некој државен закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за своите активности!

Дали договорот меѓу Грција и Македонија има сериозни правни недоследности, или едноставно кажано е - дефектен?

притисни ентер