Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Новиот Golf GTI пуштен е во продажба, позната е и цената (ФОТО)

Новиот Golf претставен неодамна доби и славеничко издание на GTI.

Иако специјалната верзија ќе биде претставена на крајот на месецот, Volkswagen одлучи да нѐ почести веќе сега со лансирањето на новото издание на GTI. Заедно со сите иновации што ги носи Golf 8.5, GTI добива и нови работи под лимот.

Иако се напојува со 2.0 TSI мотор, сега е помоќен за 20 КС. Развива 265 КС во опсег од 5250 до 6500 вртежи во минута и 370 Nm достапни од 1600 вртежи во минута. Како што е познато, мануелниот менувач повеќе не се нуди, а единствена опција е седумстепениот DSG.

Со погон на предните тркала како единствена опција, овој Golf достигнува 100 km/h за 5,9 секунди со ограничени максимални 250 km/h.

Новиот GTI ќе се препознае по редизајнираниот преден дел со нови светла и осветлено лого. Има и нови светла одзади, додека странично откриваат 19-инчни алуминиумски бандажи од Queenstown. Кабината е збогатена со спортска декорација во препознатливиот GTI манир. Да го споменеме и новиот волан и најновата генерација на инфозабава.

Списокот на нарачки е отворен во Германија, а почетната цена е 44.505 евра.

Словачката министерка за здравство: Премиерот и натаму е критично

Премиерот Роберт Фицо е во рацете на врвни кадри кои се грижат за неговото здравје, соопшти вечерва на брифинг со новинарите министерката за здравство Зузана Долинкова.

Воедно, таа им се заблагодари на сите кои досега учествувале во спасувањето на премиерот.

- Здравствената состојба на премиерот се уште е критична, тој се уште е во операциона сала и верувам дека сѐ ќе оди добро. Стискам палци и посакувам многу сила не само на него, туку и на медицинскиот персонал, кои навистина во овој момент се борат за живот“, рече таа. Таа додаде дека била во контакт со спасувачките служби од првиот момент на несреќата.

Министерката повтори дека го осудува нападот врз премиерот.

- Дозволете ми да го осудам овој грозоморен чин, кој е резултат и манифестација на апсолутна човечка злоба и омраза, а пред сѐ го осудувам како апсолутен напад врз демократијата на Република Словачка - рече таа.

Словачкиот премиер Роберт Фицо е ранет денеска во обид за атентат во градот Хандлова, во близина на Братислава. Фицо е пренесен во болница во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот. Напаѓачот е уапсен, а некои медиуми наведуваат дека се работи за познат писател (71) од Словачка.

„Веселинови“ со Оле и Баркли до солзи ја насмеаја публиката во Штип (ФОТО)

Вечерва во Домот на културата во Штип сеодржа премиера на комедијата „Веселинови“ , авторско дело на Олгица Поцкова и Игор Стојанов Баркли.

Оле и Игор, инаку познати на пошироката јавност од емисијата „Зевзекманија“ на Канал 5 Телевизија, вечерва ја насмеаја до солзи публиката во Штип.

Честитки до колегите за претставата и за сите насмеани лица во Штип! Ги очекуваме и на други сцени низ Македонија!

По вечерашната премиера, следната претстава на „Веселинови“ ќе се одржи во петок во 20 часот , на истото место- Домот на културата во Штип.

притисни ентер