Поранешниот светски рекет број 1 Мугуруза се пензионира

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза објави дека се повлекува од професионалниот тенис.

Во јануари 2023 година, спортистката објави дека паузира од кариерата.

- Исклучително сум им благодарна на сите луѓе кои ми помогнаа и ме придружуваа на овој пат. Сега сум подготвена да започнам ново поглавје во мојот живот, кое веројатно ќе биде некако поврзано со тенисот и спортот“, рече Мугуруза на прес-конференција во Мадрид.

Триесетгодишната Шпанка е поранешен светски рекет број еден. За време на нејзината кариера, таа освои два Грен слем турнири во сингл (Ролан Гарос 2016 и Вимблдон 2017). Вкупно има 15 ВТА титули (десет од нив во сингл). /МИА

Американските доктори наскоро го напуштаат Појасот Газа

Администрацијата на претседателот Џо Бајден е ангажирана во извлекувањето на американски лекари од Појасот Газа, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Група американски лекари од Палестинската американска медицинска асоцијација потврдија за Вашингтон пост оваа недела дека биле блокирани во Газа откако Израел го затвори граничниот премин Рафа.

„Внимателно ја следиме оваа работа и работиме да ги извлечеме американските граѓани од Газа“, рече Жан-Пјер и потврди дека американската администрација „директно се ангажирала со Израел“ за ова прашање.

Администрацијата на Бајден го предупреди Израел да не започне голема воена копнена операција во Рафа, но според Жан-Пјер „напорите да се извлечат лекарите продолжуваат без оглед на тоа што се случува таму“.

Шеснаесет жени го обвинија Дејвид Коперфилд за сексуално злоставување, тој негира

Вкупно 16 жени го обвинија американскиот магионичар Дејвид Коперфилд за непримерно сексуално и недолично однесување кое траело со децении, пишува The Guardian.

Половина од жените изјавиле дека во моментот на инцидентот биле тинејџерки, односно дека биле помлади од 18 години. Некои рекоа дека имале само 15 години, но дека Дејвид можеби не ги знаел нивните години.

Адвокатите на Коперфилд велат дека наводите „не само што се целосно лажни, туку и целосно неверојатни“.

Инцидентите за кои го обвинуваат 67-годишниот магионичар се случиле од крајот на 1980-тите до 2014 година. Обвиненијата против него вклучуваат наводи дека дрогирал три жени пред да има секс со нив. Гардијан ги разгледувал наводите како дел од серијата приказни засновани на интервјуа со повеќе од 100 луѓе и судски и полициски досиеја.

Некои од жените изјавиле за Гардијан дека дури по движењето #MeToo се јавиле за нивните наводни искуства со Коперфилд. Запрашан за нивните изјави, Коперфилд негира дека сторил нешто лошо.

Неговите адвокати за Гардијан изјавиле дека тој „никогаш не се однесувал непримерно со никого, а камоли со малолетно лице“. Тие рекоа дека „вистинскиот“ портрет на Коперфилд ќе ја опише неговата „љубезност, срамежливост и однос со почит кон мажите и жените“.

Тие рекоа дека Коперфилд е силен поддржувач на движењето #MeToo од неговото основање, кое ги охрабрува жените да излезат и да ги раскажат своите приказни за злоупотреба. Тие рекоа и дека против него во минатото биле изнесени „многубројни лажни обвинувања“.

Една од 16-те жени, Бритни Луис, излезе во јавноста во 2018 година со наводи дека ја дрогирал и сексуално ја нападнал во 1988 година, кога таа била 17-годишна манекенка. Коперфилд ги негира обвинувањата. Друга жена рече дека имала слично искуство, наведувајќи дека таа и другарка ѝ биле дрогирани. Адвокатите на Коперфилд исто така рекоа дека дрогата „не е дел од неговиот свет“.

Во четири случаи, жените тврделе дека Коперфилд ги допирал или ги принудил сексуално да го допираат. Три од нив биле тинејџерки во моментот на наводните инциденти. 38-годишниот Фалон Торнтон за „Гардијан“ изјавила дека Коперфилд и ги стиснал градите откако ја поканил на сцената за време на настап во јануари 2014 година во казино-хотелот МГМ Гранд.

Таа ги пријавила наводите во МГМ и во Митрополитската полиција во Лас Вегас, покажуваат записите, но Торнтон вели дека нејзината изјава никогаш не била сфатена сериозно. Полицијата во Лас Вегас изјави за Гардијан дека го затворила случајот поради „недоволно докази“.

Вицепремиерот на Словачка: Фицо ќе преживее, моментално е вон животна опасност

Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба изјави вечерва дека верува оти премиерот Роберт Фицо е надвор од животна опасност и оти ќе го „преживее“ обидот за атентат што се случи претходно денеска.

„За среќа, колку што знам, операцијата помина добро и мислам дека на крајот ќе преживее. Во моментов е надвор од животна опасност“, изјави Тараба за Би-Би-Си.

Тој истакнал дека напаѓачот пукал од непосредна близина.

„Тој беше тешко повреден. Еден куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил зглобот. Веднаш беше однесен во болница и опериран“, изјави Тараба.

Тој ја обвини опозицијата во земјата дека користи „лажни наративи“ и дека зборува за Фицо „речиси како чудовиште“, велејќи дека таквите коментари немаат место во демократијата.

Претходно денеска министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток изјави дека нападот врз Фицо е политички мотивиран и дека напаѓачот одлуката ја донел по претседателските избори пред повеќе од еден месец.

Тој ги повика луѓето „да не шират омраза“ на социјалните мрежи и додаде дека во наредниот период ќе се зајакне заштитата на државните функционери и политичките претставници на владејачката коалиција и опозицијата, како и на поединечни медиуми.

Министерката за здравство Зузана Долинкова претходно најави дека Фицо е „во најдобри раце“ кои се грижат за неговото здравје.

„Верувам дека сѐ ќе оди добро. Стискам палци и му посакувам многу сила не само на него, туку и на медицинскиот персонал кој во овој момент навистина се бори за неговиот живот“, изјави таа.

Претходно денеска, по седницата на Владата во градот Хандлова, беше убиен премиерот на Словачка кога напаѓачот испука неколку куршуми од непосредна близина.

Премиерот беше префрлен во болницата во Банска Бистрица во многу тешка состојба.

притисни ентер