Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

Путин допатува во Пекинг, утре ќе се сретне со Си

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва пристигна во Кина, во прва посета на странска земја по неговиот реизбор за претседател.

Путин утре ќе се сретне со својот колега Си Џинпинг, а по разговорите на високо ниво, страните ќе потпишат неколку договори и документи, пренесе РИА.

Рускиот претседател и неговата делегација ќе присуствуваат и на државен прием и гала концерт посветен на 75-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу земјите и почетокот на Кросните години на културата, објави Вашингтон Пост.

Предвидено е Путин одвоено да се сретне со кинескиот премиер Ли Чианг.

Путин претходно изјави дека координацијата на надворешната политика на двете земји промовира воспоставување праведен мултиполарен светски поредок, кој, како што наведе, е основа на идниот успех на руско-кинеското сеопфатно стратешко партнерство.

Во интервју за агенцијата Ксинхуа, тој истакна дека современите односи меѓу Русија и Кина ја надминуваат идеологијата и претставуваат стратешки избор на двете земји без оглед на политичката ситуација.

„Денес односите меѓу Русија и Кина достигнаа највисоко ниво во историјата, и покрај предизвикувачката меѓународна ситуација, овие односи продолжуваат да се развиваат“, додаде Путин.

Албанецот, кој ги држел децата како заложници и пукал од калашников:Сакав да ги заштитам(ВИДЕО)

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца, додека пукаше со калашникови во станот, наводно рекол дека „ги зел децата за да ги заштити“.

Првите резултати од истрагата покажуваат дека тој ги земал децата како заложници додека бил под дејство на наркотици, но се чекаат резултатите од истрагата, а полицијата се уште истражува кој бил мотивот за ваквиот драматичен чин, објави Политико.

Во овој момент не се знае дали уапсениот татко има психички проблеми и каква е состојбата во семејството.

Да потсетиме, соседите ја слушнале пукотницата околу 2 часот и 20 минути и веднаш повикале полиција, која притрчала на местото на настанот. Утврдено е дека пукањето од автоматско оружје се случило во изнајмен стан, кој Алекс го изнајмил пред една недела.

Полицијата веднаш започнала преговори со него, но Алекс одбил да го спушти оружјето и да ги предаде децата. Тој испукал неколку истрели во самиот стан и од терасата.

Во раните утрински часови полицијата успеала да влезе во станот, а Алекс се предал полугол. Децата биле пронајдени неповредени.

По влегувањето во просториите, полицијата пронашла оружје кое било фрлено врз облеката на децата и најмалку 18 чаури. На видеата се гледа дека мажот пукал во стаклото од терасата, а неколку истрели завршиле во ѕидовите на балконот.

притисни ентер