Норвешки скијач ја покажа страшната повреда, по падот со 145 км/час (ВИДЕО)

Норвешката скијачка ѕвезда Александар Аамод Килде, кој падна со 145 км/час на последниот свиок од спуст во Венген, Швајцарија, и во саботата заврши во заштитната шина, беше опериран во болницата во Берн.

Норвешката скијачка ѕвезда Александар Аамод Килде, кој падна со 145 км/час на последниот свиок од спуст во Венген, Швајцарија, и во саботата заврши во заштитната шина, беше опериран во болницата во Берн, но избегнал скршеници на коските и оштетување на лигаментите на коленото. Килде го скина десниот мускул на потколеницата при падот и се здоби со изместување на рамото.

Со вестите за здравствената состојба на Килдео, што е многу подобра отколку што беше веднаш по падот, за што беше потребно тој да биде префрлен со хеликоптер од патеката во болница, постои можност уште да го видиме победникот на Големиот кристален глобус за 2020 година на патеката во оваа сезона. Сепак, во моментов нема прогнози за тоа кога Килде ќе може повторно да се натпреварува.

Килде денеска објави неколку фотографии на Инстаграм, а меѓу нив се најде и онаа од застрашувачкиот рез кој го заработи по падот. Фотографијата е вознемирувачка и е во галеријата подолу.

Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

Ирска ќе ја признае палестинската државност до крајот на маj, тврди шефот на дипломатијата

Ирска сигурно ќе ја признае палестинската државност до крајот на маj, тврди шефот на дипломатијата.

Ирска сигурно ќе ја признае палестинската државност до крајот на мај, изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата, Мајкл Мартин, без да прецизира датум.

„Ќе ја признаеме државата Палестина пред крајот на месецот“, изјави Мартин, кој е и вицепремиер на Ирска, за радио станицата „Њузток“.

Говорејќи денеска тој рече: „Ќе ја признаеме државата Палестина пред крајот на месецот. Конкретниот датум е сè уште флуиден бидејќи сè уште сме во разговори со некои земји во однос на заедничкото признавање на палестинската држава“.

„Ќе стане јасно во следните неколку дена за конкретниот датум, но тоа секако ќе биде пред крајот на овој месец и со нетрпение ќе ги очекувам денешните консултации со некои министри за надворешни работи во однос на конечните конкретни детали за тоа“, додаде Мартин.

Командантот на КФОР: Безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка

 Командантот на КФОР, турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ изјави дека безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка и дека 4.600 војници во КФОР, кои доаѓаат од 28 земји партнери и членки на НАТО.

Командантот на КФОР, турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ изјави дека безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка и дека 4.600 војници во КФОР, кои доаѓаат од 28 земји партнери и членки на НАТО, се подготвени да одговорат на секој предизвик.

Тој не го коментираше барањето на премиерот Албин Курти за дополнителни војници пред неколку месеци за албанската телевизија A2CNN, но рече дека во зависност од ситуацијата, може да го преиспита распоредувањето на дополнителни војници.

„НАТО постојано ја ревидира својата позиција и останува подготвен да ја прилагоди на потребите. Со зголемување од 1.000 војници, НАТО распореди дополнителни резервни сили на Косово по насилството што се случи минатата година. За да се спречи каков било ризик од ескалација или реескалација на насилство, ние сме подготвени да одговориме на потенцијалните предизвици, доколку е потребно, можеме да ја прилагодиме нашата позиција во согласност со нашиот мандат на ОН“, рече командантот на КФОР.

Во врска со предупредувањето на одредени странски разузнавачки служби за пораст на тензиите на северот на Косово, командантот на КФОР изрази уверување дека тие се подготвени да одговорат на секој предизвик, пренесе Бета.

притисни ентер