Трофејниот тренер според договорил продолжување на соработката со својот омилен клуб за уште две години.
Рекордерот на Евролигата на клупата на црно белите повторно седна во 2021 година по скоро 30 години работа во најдобрите европски клубови.
Под негово водство експресно клубот се врати во најсилното европско натпреварување, каде во првата сезона по враќањето беше блиску до пласман на фајналфор турнирот.
Минатата сезона Партизан по 10 години стана шампион во АБА лигата, а сезонава црно белите се вистинска атракција за сите љубители на кошарката од Европа и се убедливо најгледаниот кошаркарски клуб на Стариот континет .
-Ова е мој клуб, мој град. Горд сум што ја продолжуваме соработката, истакна Обрадовиќ.
-Благодарност до сите од управата на клубот кои се согласија да ја продолжиме оваа соработка. Тоа беше заедничка желба, немаше прашање. Ова е клуб во кој уживам да работам, ова е можност да им се заблагодарам на сите со кои работев, на играчите со кои работев во претходните три години, на стручниот штаб и посебна благодарност до раководството што навистина го сака Партизан и го вложи своето време и пари за да функционира клубот. Нас нè води љубовта кон Партизан, невозможно е да се изостават навивачите на Партизан за кои се прави сето ова, тие се движечката сила. Пресреќен сум што останав тренер на Партизан - дополни трофејниот тренер.