Надал можеби за последен пат ќе учествува на престижниот Лејвер Куп

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека годинава ќе учествува на престижниот Лејвер куп во Берлин и дека ќе биде дел од „Тим Европа“ од 20 до 22 септември.

Надал во тимот ќе биде заедно со Карлос Алкараз, Данило Медведев и Александар Зверев, а интересно е што капитен на овој тим ќе биде легендарниот Бјорн Борг.

Шпанецот веќе навести дека 2024 година може да му биде последна во кариерата, а на теренот се врати минатата недела во Барселона.

Ова ќе биде четврти пат Надал да учествува на престижниот Лејвер куп, откако претходно настапи во 2017 година во Прага, две години подоцна во Женева, како и на збогувањето на Роџер Федерер со тенисот во 2022 година во Лондон.

- Многу сум среќен што ќе го играм Лејвер купот во Берлин за Тим Европа. Имам некои посебни спомени од ова натпреварување, вклучувајќи ги и емоциите од пред две години кога последен пат играв со Роџер во Лондон. Во овој момент од мојата кариера, навистина сакам да ја искористам секоја можност што ќе ми се укаже. Играњето во тим е секогаш неверојатно искуство и уживам во тоа, поинаку е и се надевам дека во Берлин ќе му помогнам на Тим Европа повторно да го освои Лејвер купот - изјави Надал.

Борг е среќен и што Надал ќе игра за „Тим Европа“ на Лејвер купот.

- Рафа е вистинска легенда на нашиот спорт, вистински шампион во секоја смисла на зборот. Ова е мојата последна година како капитен. Тоа што оваа година е во Тим Европа беше моја цел и среќен сум што ја прифати мојата покана и што ќе биде во Берлин - изјави Борг.

Симптоми на најсмртоносниот гинеколошки канцер

Тешко се забележуваат, а ова се факторите на ризик...

На 8-ми мај се одбележа светскиот ден за борба против ракот на јајници.

Ракот на јајниците е клеточен раст кој се формира во јајниците. Клетките брзо се размножуваат и можат да го нападнат и уништат здравото ткиво на телото. Женскиот репродуктивен систем содржи два јајника, по еден на секоја страна од матката. Јајниците - секој со големина на бадем - произведуваат јајце-клетки, како и хормони естроген и прогестерон. Третманот на ракот на јајници обично вклучува операција и хемотерапија.

Кога ракот на јајниците ќе се развие првпат, тој може да не предизвика никакви забележливи симптоми. Кога ќе се појават симптоми на ракот на јајници, тие обично се припишуваат на други, почести состојби.

Знаците и симптомите на ракот на јајниците може да вклучуваат: надуеност или оток на абдоменот, брзо чувство на ситост кога јадете, губење на тежината, непријатност во карличната област, замор, болка во грбот, промени во навиките на цревата, како што е запек, честа потреба за мокрење.

Причини за ракот на јајници

Не е јасно што го предизвикува ракот на јајниците, иако лекарите идентификувале работи кои можат да го зголемат ризикот од болеста. Според лекарите од клиниката Мајо, ракот на јајници започнува кога клетките во јајниците или во нивна близина развиваат промени (мутации) во нивната ДНК.

ДНК на клетката содржи инструкции по кои клетката функционира. Промените вклучуваат брз раст на клетките, брзо размножување создавајќи маса (тумор) од канцерогени клетки. Клетките на ракот продолжуваат да живеат кога здравите клетки би умреле. Тие можат да ги нападнат блиските ткива и да се отцепат од почетниот тумор, т.е да се рашират (метастазираат) на други делови од телото.

Фактори на ризик

Факторите кои можат да го зголемат ризикот од ракот на јајниците вклучуваат:

- Постара возраст - Ризикот од оваа болест се зголемува како што стареете. Најчесто се дијагностицира кај постари лица. Наследни промени на гените. Во мал процент оваа болест е предизвикана поради промени во гените што сте ги наследиле од вашите родители. Гените кои го зголемуваат ризикот од ракот на јајници ги вклучуваат BRCA1 и BRCA2. Овие гени исто така го зголемуваат ризикот од рак на дојка.

- Семејна историја на рак на јајници. Ако имате крвни сродници на кои им бил дијагностициран рак на јајниците, може да имате зголемен ризик од болеста.

- Прекумерна тежина или дебелина. Прекумерната тежина или дебелината го зголемува ризикот од рак на јајници.

- Хормонска терапија во период на постменопауза. Земањето хормонска терапија за контрола на знаците и симптомите на менопаузата може да го зголеми ризикот од рак на јајниците.

- Ендометриоза е често болно нарушување во кое ткиво слично на ткивото што ја обложува внатрешноста на матката расте надвор од матката.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

притисни ентер