Од денеска започнува еднонеделниот пролетен распуст за учениците, среда 1ви мај е неработен ден за сите граѓани, потоа следува и Велики петок, неработен ден за сите Христијани. Неработен е и идниот понеделник, првиот ден од Велигден, по што следува уште еден неработен ден, 8ми мај денот на изборите.
Туристичките агенции кои ги контактиравме, велат дека има голем интерес за патување надвор од државата за време на овие неработни денови, а најмногу за соседните земји. Аранжманите се речиси распродадени, а велат интересот би бил уште поголем доколку граѓаните би имале можност навремено да извадат пасоши.
-Луѓето знаат да си ги спојат двата празници или само Велигден тие што одат сепак петок и понеделник е неработен така да го коритат на патување, предност е што и децата се на распуст. Поголем би бил интереот доколку навремено се извадеа пасошите, меѓутоа со ситуацијата луѓето неможат да патуваат сеуште некои што се сликани сеуште ги немаат добиено пасошите, малку се ограничени за патување.- Ана Марија Алексова Малева
Сепак, најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека ќе останат во земјава за да го искористат своето право на глас, а празниците ќе ги поминат во домашна атмосфера.
- Па дома ќе бидам, нема да одам никаде на прошетка и ќе гласаме.
- Ние остануваме и чекаме да гласаме, оти најбитно е гласот народот на кој ќе го даде и да има легитимитет, тоа е најбитно.
- Ќе останеме да гласаме како прво, а бидејќи ни е кратко времето планираме летно време да одиме негде, сега не е време за одмори.
- Обавезно ќе гласам, остануваме тука, се што планираме ќе биде после тоа.
Инаку, деновите од пролетниот распуст основците ќе ги обработуваат така што учебната година ќе трае до 17ти јуни наместо до 10ти, додека наставата од двата изборни дена и од неработниот ден од Соетот на министри на ОБСЕ, ќе се обработува во текот на работната недела преку подолг престој на учениците во училиштата.