Чави сака Роберто да остане во Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, изрази желба да го задржи ветеранот Серхи Роберто во тимот, пренесува денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Сакам да го продолжи договорот. Сега одлуката е на него. Тој знае што мислам. Може многу да ни помогне. Да се надеваме дека ќе го продолжи договорот“, изјави Чави за 32-годишниот играч од средниот ред, чиј актуелниот договор со Каталонците истекува на крајот од сезоната.

Барселона утревечер ѝ гостува на Валенсија во натпревар од 33. коло на шпанската Ла Лига, а Чави истакна дека целта на каталонскиот клуб е да ја задржи втората позиција на табелата на крајот на сезоната.

„Нашата цел е да завршиме на второто место во лигата и да се пласираме на завршниот турнир во Суперкупот. Сакаме да ја завршиме сезоната со добро чувство и со ентузијазам и сила да се подготвиме за следната“, додаде тренерот на Барселона.

Маск го отпушти речиси целиот оддел во Тесла: Сега сака да ги врати сите тие луѓе

„Tesla“ отпушти голем број луѓе од одделот за полнење електрични автомобили, но сега ги сака назад.

Сопственикот на „Tesla“, Илон Маск, отпуштил поголем дел од вработените во овој оддел, а сега добар дел од нив се вратиле, меѓу кои најпознато име е Макс Де Зегер, директор на северноамериканскиот оддел.

Како што пренесува Блумберг, Де Зегер бил еден од водечките менаџери, а ниту тој ниту Маск не сакале да коментираат за актуелните настани.

Кога го распушти тимот, Маск ја изненади јавноста бидејќи полначите (т.н. „Суперполначи“) се еден од најпознатите и најдобри производи на „Tesla“, а доказ за тоа е фактот што речиси сите големи автомобилски марки го усвоија овој стандард за полнење.

По период во кој никој не знае што точно се случило, Маск минатата недела бомбастично најави дека годинава ќе потроши повеќе од 500 милиони долари за проширување на мрежата на полначи.

Првите полначи на „Tesla“ беа претставени во септември 2012 година, а сега имаат речиси 60.000 конекции ширум светот.

Извор: Б92

Отворен ден во велешката Гимназија „Кочо Рацин“, најстара во земјава и Балканот

Во дворот на  Гимназија „Кочо Рацин“  деветтооделенците  од  Велес преку стенд ап комедија и музика, годинава првпат наместо штандови се запознаа со предметите кои се изучуваат во гимназијата.

Од септември како новина ќе има и една билингвална македонско-англиска паралелка каде дел од предметите ќе се изучуваат на англиски јазик. Според директорот Илија Попов, овој Отворен ден на гимназијата е поразличен од сите други кои се организирале изминатите години со цел да се привлече поголемо внимание на деветтооделенците и преку забавен карактер да ги претстават активностите на училиштето.

Во забавниот дел настапи оркестар и пејачи - ученички од гимназијата, а во културниот дел актери од велешкиот театар и поранешни гимназијалци кои изнудија голем аплауз и насмевки од присутните деветооделенци и професорите.

На Отворениот дел се претставија и некои од факултетите во земјава,а кои делеа флаери на матурантите.

-Се дружиме заедно со нашите следни ученици и многу сме горди што годинава го променивме концептот на отворениот ден. Наместо штандови, одлучивме да има повеќе музика и преку примери на наши сегашни и поранешни ученици да го претставиме училиштето пред нашите идни средношколци. Нешто со што можеме да се пофалиме од оваа година е тоа што за прв пат отвараме и билингвална паралелка, кадешто учениците дел од предметите ќе ги изучуваат на англиски јазик. Веќе имаме голем интерес и очекуваме таа паралелка да биде нешто што ќе не прави дополнително горди, но не смееме да ги изоставиме и другите паралелки, старата традиција којашто ја негуваме во нашата најстара гимназија, потенцира Попов.

Тој потсети дека велешката Гимназија „Кочо Рацин“ отворена во далечната 1857 година која е најстара гимназија во земјава и на Балканот има трајни вредности кои ги нема во ниту едно друго училиште во земјава.

- Во нашата гимназија учениците за секој предмет којшто ќе го изучуваат следните средношколци нуди квалитет, бидејќи кадарот на професори коишто предаваат во училиштето се причина што се издвојуваат од останатите училишта, потенцира Попов.

Информира дека во изминатата 2023 година ја реновирале спортската сала, гардеробите, направивиле надворешни спортски терени, се обезбедиле интерактивни табли скоро за секоја училница, нагледни средства за секој предмет, нешто со што дополнително вложиле во наставата и сметаат дека ќе придонесе за повеќе квалитетот на образованието.

-Гимназијата е она место каде што може да се понуди успех и ништо повеќе, тоа е и нашето мото по што се водиме и верувам дека и во иднина ќе останеме бренд, бидејќи велешката гимназија со генерации брендот на Велес и на државата. Ќе останеме и понатаму да го следиме аманетот на нашите предци и достојно тоа ќе го правиме, истакна Попов.

Во Драч татко ги држел своите две две деца како заложници и пукал кон полицијата

Во Драч татко ги држел своите две две деца како заложници и пукал кон полицијата со автоматска пушка.

Вистинската драма се одвивала ноќеска во албанскиот пристанишен град Драч, каде лицето Алекс Марку (40) ги земал во заложништво неговите две деца, на возраст од 6 и 11 години и почнал да пука со калашников.

Полицијата била известена од страна на преплашените соседи па на местото на настанот набрзо пристигнале бројни полициски екипи, зајакнати од специјалната единица "Ренеа".

По неколкучасовни преговори полицијата утрово успеала да ги спаси децата и да го уапси осомничениот.

Марку, кој живее во Лежа, изнајмил стан на седум дена и таму ги донел своите две малолетни деца.

Полицијата неколкупати го повикала Алекс да ги пушти децата да се предадат, а тој одбил и со калашников пукал низ прозорецот во правец на полицијата.

Во станот полицијата пронашла калашников, поголема количина муниција и 18 чаури.

притисни ентер