Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024

Како што соопштија од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). 

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески, денеска оствариле работна средба со раководството на полициска станица за граничен проверки „Меѓународен аеродром” Скопје.

Како што соопштија од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). Притоа, од страна на раководството билеа брифирани за резултатите на оваа организациска единица при Регионалниот Центар Север во рамки на Бирото за јавна безбедност на МВР.

- Во првото тримесечје на Полициската станица за гранични проверки „Меѓународен Аеродром”, во однос на работата на оваа организациска единица бележиме зголемен проток на патници во однос на истиот период лани, со вкупно регистрирани 603.537 од кои домашни 296.728 и странски 306.809 патници, а во фреквенција биле и 2507 домашни и странски воздухоплови. Во однос на регистрирани кривични дела, бележиме два откриени случаи на фалсификувани документи. Поднесени се 65 прекршочни пријави и извршени 92 претреси на лица, лишени од слобода 14 лица, приведени 78 лица”, информирал Бојмацалиев по средбата, се наведува во соопштението.

Битиќи: Во политиката влегов за да ја направам промената, нема откажување

- Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување, пишува Битиќи во објавата, не откривајќи повеќе детали.

Фатмир Битиќи, еден од потпретседателите на Социјалдемократскиот сојуз, кој си даде оставка од партиската функција веднаш по поразот на парламентарните избори, денеска во објава на „Фејсбук“ пишува дека влегол во политиката за да направи промена и дека не се откажува.

- Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување, пишува Битиќи во објавата, не откривајќи повеќе детали.

По одржувањето на парламентарните избори на 8 мај, Битиќи преку видео порака објавена на социјалните медиуми поднесе оставка од партиската функција.

- Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот. Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех, изјави Битиќи.

По поразот на изборите, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во изјава за медиумите најави внатрешни избори на сите партиски тела и на локално и на централно ниво.

Од СДСМ најавуваат дека следната недела највисоките партиски органи ќе одржат состаноци на кои ќе се извршат подготовките за свикување отчетен Конгрес, согласно статусот на партијата.

- Во тек се подготовки за процесите што ќе се случуваат во партијата, согласно статутарните постапки и она што беше јавно соопштено досега, по изборите. Наредната недела се планирани состаноци на раководството на СДСМ и Извршниот одбор за отпочнување на постапката за свикување отчетен Конгрес, согласно Статутот на партијата, брифираат од партијата.

МД „Илинден“-Тирана девет години равноправен член на ФУЕН

Македонско друштво „Илинден“-Тирана денеска одбележува девет години од приемот и успешното претставување на Македонците во Федералната унија на европските националности, ФУЕН, највисоката малцинска организација во Европа. 

-Точно пред девет години, на 15 мај 20015 година нашето друштво стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на ФУЕН, на конгресот што се одржа во Комотини, Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир, Партија на Турското малцинство во Грција, рече за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Оценува дека во овој период друштвото дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија и континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во оваа земја.

-Покрај тоа, редовно учествуваме на сите конгреси на ФУЕН на кои поднесуваме резолуци чија содржина и цел е подобрување на животот и положбата на Македонците во Република Албанија и сите едногласно беа усвојувани. Тие се пратени до сите албански државни, како и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Задоволни сме што со овие резолуции се придонесе за подобрување на положбата на нас Македонците, посочува Ѓурѓај.

Нагласува дека друштвото во функција на рамноправен член и како дел од работната група на словенските малцинства во Европа при унијата, активно го покренувало и ќе го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена.

Изразува искрена благодарност до раководството на Федералната унија на европските националности за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Истовремено, од име на друштвото и од Македонците упатувам искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада и претседателот Бил Николов.

-Благодарение на помошта што ни ја даваат, за да ја платиме годишната членарина и да останеме рамноправен член во ФУЕН. Посакувам да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во Европа, посакува Ѓурѓај.

Ердоган: Знаеме кој стои зад тврдењата за заговор против Владата

Знаеме кој стои зад тврдењата за заговор против Владата. 

Ова денеска го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој зборуваше на состанокот на парламентарната група на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), пренесоа турските медиуми.

Претседателот на турската Партија за националистичка акција (ПНД), Девлет Бахчели, претходно оваа недела најави можна подготовка на нов државен удар во земјата. Бахчели особено посочи дека се подготвува заговор против алијансата, во која се ПНД и владејачката Партија на правдата и развојот. Лидерот на националистите, исто така, рече дека некои претставници на полицијата и судството планираат да го повторат обидот за државен удар во 2016 година.

Турскиот претседател денеска прецизираше дека властите се свесни кој стои зад новиот „заговор“.

„Многу добро го знаеме кукларот и кој го напишал сценариото“, рече Ердоган, без да наведе повеќе детали.

Тој посочи дека е неприфатливо да се прекрши законот, нагласувајќи дека „ќе биде пронајден секој што ќе излезе надвор од рамките на законот“, објави Си-Ен-Ен-Турк.

притисни ентер