Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови

Претседателот на Палестинската самоуправа (ПА) Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската армија во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Рафа моментално е дом на околу 1,45 милиони луѓе, од кои повеќето претходно беа раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте. Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа.

Палестинскиот претседател изрази загриженост поради присилното раселување на палестинското население од Западниот Брег под управа на ПА, откако израелската армија ќе „заврши со Газа“.

Тој нагласи дека ПА одбива да прифати етничко чистење на Палестинците од двете територии и додаде дека палестинската самоуправа бара да се прекине конфликтот и да се даде помош на населението.

Се обиделе да украдат спортски автомобили- само се посрамотиле (ВИДЕО)

Епилогот од грабежот многу потсетува на филмскиот серијал Dumb and Dumber.

Полицијата објави видео од упад во Thornton Automotive во Довер, Пенсилванија. Двајца провалници влегле во салонот удирајќи со спортско камаро во прозорското стакло. Сепак, оттаму започнале проблемите бидејќи Camaro се заглави и не можеле да го извлечат уловот.

Покрај тоа што Dodge Challenger Hellcat останал заробен во салонот, провалниците направиле значителна штета удирајќи во колата за голф, која пак се одби во Dodge. Кога виделе дека го оштетиле Камарото и дека автомобилот е заглавен, провалниците побегнале и исчезнале во непознат правец. Материјалната штета е значителна, а по несмасните крадци се уште се трага.

ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваат средбите на работните групи со ВРЕДИ

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата беше истакнато дека потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните.

При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.

Беше договорено дека разговорите во позитивен дух ќе продолжат и во наредниот период, се наведува во партиското соопштение.

Си и Путин со значајна порака за САД: Ќе ја продлабочиме воената соработка

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин денеска го осудија, како што го нарекоа, сè поагресивното однесување на САД и најавија продлабочување на веќе блиските одбранбени и воени врски.

Во јасната порака до Вашингтон, чиј министер за надворешни работи минатиот месец беше во Кина за да го убеди Пекинг да ги ограничи врските со Москва, Си јасно стави до знаење дека Русија и Кина се во хармонија за голем број важни прашања, вклучително и војната во Украина и дека тие би се спротивставиле на обидите да ја загрозат нивната врска.

„Односите меѓу Кина и Русија тешко се стекнуваат и двете страни мора да ги чуваат и негуваат“, му рече Си на Путин во Пекинг. „Кина е подготвена заеднички да го постигне развојот и заживувањето на нашите две земји и да соработува во одржувањето на чесноста и правдата во светот“, додаде кинескиот лидер.

Во заедничката изјава, Пекинг и Москва изразуваат загриженост поради наводните обиди на САД да ја нарушат стратешката нуклеарна рамнотежа, зборуваат за американската противракетна одбрана во светот што им се заканува на двете земји, како и плановите на САД да развијат високопрецизни ненуклеарни оружје.

Путин, на своето прво патување откако повторно положи заклетва овој месец за шестгодишен претседателски мандат, ја опиша соработката меѓу Москва и Пекинг како еден од најголемите фактори за стабилност на меѓународната сцена.

„Заедно ги браниме принципите на правдата и демократскиот светски поредок што ја одразува мултиполарната реалност и се заснова на меѓународното право“, му рече Путин на Си.

Рускиот претседател пристигна во Кина неколку недели откако таму беше американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој изрази загриженост за поддршката на Кина за руската армија. Еден ден подоцна, тој најави дека Вашингтон ќе продолжи да воведува санкции за кинеските компании кои го снабдуваат рускиот одбранбен сектор.

Посетата на Блинкен се чини дека беше неуспешен обид да се поткопа партнерството „без ограничувања“ што Путин и Си го најавија во февруари 2022 година во Пекинг, само неколку дена пред рускиот претседател да испрати десетици илјади војници во Украина.

притисни ентер