Злато вредно над 600 илјади евра и непријавени пари запленети на ГП „Табановце“

55 Годишен турски државјанин е осомничениот за криумчарење на над 13 килограми злато во вредност од околу 600 илјади евра.

Кај возачот на автобусот биле пронајдени и 30.000 евра кои не ги пријавил на цариниците. Автобусот кој сообраќал на редовна линија Пореч(Хрватска) – Гостивар, со гостиварски регистерски таблички, на граничниот терминал стигнал вчера утрината околу 9 часот, но поради одреден сомнеж бил пратен на царински терминал.

„При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде е пронајден разновиден златен накит и златни плочки, во правилна и неправилна форма. Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13.304 грама е привремено задржано и предадено на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Патничка од Скопје за Канал 5 ја раскажа случката со автобусот. Додека траела целата процедура на царинскиот терминал, како и постапката на полицијата по откривањето на нелегалната стока и парите, околу 50 патници, меѓу кои и мајки со деца, 5 часа останале заглавени на граничниот премин.

„Бевме оставени околу 5 часа на асфалт и на сонце на граничниот премин чекајќи Domino Line да преземе одговорност и да не транспортира до потребните дестинации во државата. По неколку јавувања во компанијата од повеќе патници барајќи да ни испратат друг автобус, околу 5 часа подоцна се појави претставник од компанијата, а за кратко време и возач возејќи автобус на Руле Турс со којшто конечно се одважија и не донесоа до крајните дестинации. Од претставникот на компанијата добивме вербално извинување и како што посочија - сé што можат да направат за да ги надоместат непријатностите е да ни дадат бесплатни карти следниот пат кога ќе сакаме да патуваме со Domino Line....велат дел од патниците во автобусот за Канал 5 реагирајќи за како што велат неодговорно однесувањена компанијата, поради што најавија дека ќе покренат судска постапка заради отштета по малтретирањето што го преживеали при патувањето.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со превозникот Домино лајн кој што го посочи патничката но на телефонски броеви на нвната веб страница никој не одговараше.

За случајот е известено и Јавното обвинителство од каде велат дека се постапува.

ТИРЗ реакција: Штетен предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за кратење на капиталните инвестиции

Во интерес на објективно информирање на јавноста, реагираме и паушалните тврдења изнесени од истиот функционер во однос на работењето на ТИРЗ.

​​​​​Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони го смета за штетен предлогот на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски за кратење на капитални инвестиции. Особено што овој предлог доаѓа во време на зголемена потреба од поддршка за економијата, а токму капиталните инвестиции се важен инструмент за ваква поддршка.

Во интерес на објективно информирање на јавноста, реагираме и паушалните тврдења изнесени од истиот функционер во однос на работењето на ТИРЗ.

Имено, само во ТИРЗ, во изминатите неполни две години беа започнати и завршени капитални инвестиции во вредност над 1,2 милијарди денари, што е значително повеќе од годишниот просек од 300 милиони денари до 2020 година. Ова е примарен доказ дека партискиот став на Николовски е паушален и не соодветсвува со реалноста. Иналу, овие средства се наменети за изградба и унпредување на основната инфраструктура ТИРЗ Скопје 1 и 2, во Штип, Струга, Прилеп и Струмица, како и во ИЗ Косел (Охрид). Со овие 1,2 милијарди денари се гради надвозник што функционално ќе ги поврзе зоните Скопје 1 и Скопје 2, а во останатите проекти се реализира изведба на улици, изведба на водоводи, канализација, осветлување, енергетски приклучоци, како и изградба на објекти во функција на инвеститорите. Напоменуваме дека сите овие зони се оперативни односно во нив работат еден или повеќе индустриски капацитети.

Засиленото вложување во современа инфраструктура е дел од новиот концепт на работа на ТИРЗ, каде значајно место има и стабилноста и безбедноста постигната со залченувањето во НАТО. Така, само во изминатите неполни 2 години постигнати се договори за инвестиции од над 620 милиони евра, што е еднакво на целокупниот 11-годишен учинок на овој план во периодот до 2016 година. Во неполни две години регистрирани се и над 2.500 нови работни места и раст на платите над просекот во економијата. Во моментот, во ТИРЗ работат 15.500 лица, што е 2,5 пати повеќе од бројот на вработени до 2016 година, што е елементарен доказ за успешноста на проектите во рамките на ТИРЗ.

Само во 2021, компаниите што ги користат нашите услуги уплатиле во Буџетот над 2 милијарди денари по основ на придонеси и персонален данок.

Имајќи ги предвид овие резултати, како и неспорните ефекти на поддршка на економијата преку капитални инвестиции, сметаме дека предлогот на политичката партија ВМРО ДПМНЕ за кратење на капиталните инвестиции е нелогичен и целосно во спротивност со интересот на економијата и граѓаните кои во време на оваа економска криза очекуваат повеќе вработувања со повисоки плати.

Истовремено, очекуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да престане да се однесува како „сопственик“ на странските инвестиции или Дирекцијата на ТИРЗ. Институциите не се ниту на СДСМ, ниту на ДПМНЕ, ДУИ или која било политичка партија. Институциите се на граѓаните и платени со парите од даноците од компаниите и им се враќаат на граѓаните.

Тренчевска: Новата градинка во Драчево обезбедува најсовремени услови за развој на дечињата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше во посета на новата детска градинка „Пеперутка 3“, во населба Драчево, Општина Кисела Вода.

Градинката која е изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика обезбедува згрижување на 110 дечиња од предучилишна возраст.

Новоизградената градинка „Пеперутка 3“, под управа на ЈОУДГ „8. Март“, обезбедува високи нормативи на просторните услови за престој на дечињата прилагодени на нивната возраст, како и имплементација на современи методи за предучилишно образование кои овозможуваат правилен детски развој и реализација на концептот – учење преку игра.

Ова беше констатирано при посетата на градинката од страна на министерката Тренчевска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски.

„Навистина сум горда што со овој целосно нов објект го решаваме горливиот проблем на родителите од населбата Драчево за згрижување на децата и тоа во најсовремени услови кои обезбедуваат правилен ран детски развој. Тоа е и доказ дека како Влада и како министерство сме целосно посветени на мисијата да ги пресретнеме потребите на граѓаните за поголем пристап до социјалните услуги и за поквалитетен живот. Заложбата на Министерството е контиунирано вложување во изградба на нови современи енергетски ефикасни капацитети за згрижување на децата, како и квалитетен ран детски развој. Заедно со петте градинки од овој Проект, кои веќе работат, од 2017-та година досега се изградени 71 градинка, што е вистинска придобивка за граѓаните. Исто така, сакам да потенцирам дека покрај инфраструктурното вложување, Министерството е посветено и на унапредување на капацитетите на воспитно-образовниот кадар во градинките со цел подигнување на квалитетот на раниот детски развој,“истакна Тренчевска.

Изградбата на градинката е во вредност од 38,8 милиони денари и дополнителни 4,3 милиони денари за ентериерното уредување. Објектот на градинката „Пеперутка 3“во Драчево се вбројува меѓу објектите со високи перформанси и поседува фасада која има функција на прочистувач, зафаќајќи ги штетните честички од амбиенталниот воздух кои потоа се отстрануваат преку дождови. Новата градинка е и енергетски ефикасна, што е од големо значење при финансирањето на нејзиното редовно функционирање од страна на општината.

„Со големо задоволство денес сме во новата детскa градинка во населбата Драчево, „Пеперутка 3,” каде ќе бидат згрижени околу стотина дечиња, пред сè, од овој дел на општината. Покрај ставањето во функција на овој објект, кој беше изграден пред речиси две години, но дури сега беа надминати администативните бариери за негово отворање, Општина Кисела Вода интензивно работи на изградба на нови градинки и проширување на капацитетите на постојните објекти. Во финална фаза сме на подготовка на објектот во кој ќе биде отворена првата градинка во Усје. Тука ќе бидат згрижени околу 100 дечиња од населбите Усје, Стаклара и Градинар. Работиме на проширување на капацитетот на градинката „Ѓурѓица” во Пинтија. Веќе е започнато реновирањето и на објектот „Кокиче”, каде ќе може да примиме нови 150 дечиња, а ќе потсетам дека веќе го проширивме капацитетот и на објектот „Синоличка” од ЈОУДГ „Весели Цветови”. Исто така, како Општина имаме подготвен проект за целосно нова градинка во Расадник и во моментов работиме на финансиската конструкција, односно на начинот на финансирање за нејзината иградба. Со тој проект, на среден рок го решаваме прашањето за предучилишната инфраструктура“ , изјави Ѓорѓиевски заблагодарувајќи се на Министерката Јованка Тренчевска.

Изградбата на градинката е во рамки на Компонента 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги која има цел да го зголеми пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој преку подобрување на услугите за предучилишно образование, зголемување на пристапот до квалитетни и енергетски ефикасни предучилишни установи и обезбедување на најдобри можности за учење и образование, соодветно на возраста на децата. Во рамки на оваа компонента, се спроведуваат и активности за зголемување на квалитетот на услугите во предучилишните установи преку унапредување на наставните програми, обуки на кадарот и поттикнување на родителите и семејствата за поддршка на холистичкиот пристап во развојот на децата.

Преку Проектот, 16 општини во земјава добиваат целосно нови или реконструирани градинки, со што ќе се обезбеди капацитет за згрижување на речиси 2.000 децата во повеќе градови и населени места.

Проектот за подобрување на социјалните услуги е дел од сеопфатната социјална реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика.


Сите се за настава со физичко присуство, но никој не знае од каде пари за струја и греење

Министерството за образование се уште анализира како да ги ублажи сметките за струја на основните училишта. 

Додека деветте општини од Полог чекаат официјален одговор на нивното барање зимскиот распуст да почне порано, дел од градоначалниците се огласија дека се категорично против затворање на училиштата.

За првиот човек на Гази Баба, Бобан Стефковски, пандемијата покажала дека онлајн-учењето не дало задоволителни резултати и побара зголемување на блок дотациите за да се покријат трошоците. На иста линија е и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, кој вели дека општината презела сериозни мерки за штедење на струја но, според него, неопходна е поголема помош од централната власт.

Ресорниот министер Шаќири засега нема јасна финансиска стратегија. Првично решението го гледа во пренамена на средства од други буџетски ставки на општините и, доколку има, неискористени блок дотации, за што министерството детално ги проверува сметките на училиштата.

„Барање кое е доставено до месец септември веднаш да предвиди што очекуваме во декември мислам дека во овој период, мислам дека требаше ова да биде доставено малку покасно. Мојот став е ако сакаме физичко присуство на настава можеме да се организираме, сите тие буџетски средства да ги рационализираме за да можеме да имаме физичко присуство на настава. Јас сум на тој став, учебната година да е со физичко присуство.“-Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Некои градоначалници излегоа со предлог Владата да ги преземе училиштата и градинките, но оттаму изјавија дека греењето за овие установи е во надлежност на локалната самоуправа. И СОНК побара надлежните што поскоро да го решат проблемот бидејќи, според нив, не смее да има прекин на наставата со физичко присуство.

притисни ентер