Зиков: Изборите поминаа, мора да се оладат главите

„ Проблемот е во политичката волја на владата дали сака да го реши и временски кога сака да го реши прашањето со уставните измени“

Со инаугурацијата на претседателката на Македонија, почнато е со „дур“, ќе видиме понатаму како ќе се даваат и заклетвите од страна на министрите и како ќе се одвива тоа. Мора да се корегираат некои позиции. Мора да го фатиме патот со ЕУ, Албанија е спремна за преговори, Србија и Црна Гора веќе преговараат и тоа мора да почне сега. Не смеат да се прават грешки, мора да се оладат главите, изборите поминаа. Претходно ние требаше да се качиме на возот што стоеше за Европа, а сега возот се движи кон Европа а ние трчаме и треба да се качиме. Доколку партиите од Албанскиот блок не останат на висината на задачата и тоа што го ветиле тогаш ќе им паѓа рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да го реши тоа што не сакаше 4 години претходно да го реши, само да најде начин како да го „спакува“. Проблемот е во политичката волја на владата дали сака да го реши и временски кога сака да го реши прашањето со уставните измени. Едно сценарио е да се почекаат локалните избори и да го решат по нив за да не им падне рејтингот, друга опција е по нова година, тоа ќе биде исто така на почеток на мандатот, а паметни влади такви поркупни прашања решаваат на почеток на мандатот, трета опција е можеби заедно со локалните да има и предвремени избори па така ВМРО-ДПМНЕ да си го зголеми бројот на пратениците, од 58 на 62 и така да има стабилно мнозинство да ги усвои уставните измени, рече Љупчо Зиков во Само Вистина.

Првите три пациенти со возила тргнаа кон болницата Папаниколау, Солун

Првите три пациенти од Клинички центар тргнаа со возила опремени за интензивна нега за болницата Папаниколау во Солун.

Наредните 1-2 часа ќе има авионски транспорт за Софија, и транспорт за Србија.

Ѓурчевски: Истрагата треба да покаже дали се преземени сите безбедносни мерки

Изјава за Канал 5 на поранешниот полициски инспектор Љубомир Ѓурчевски.

Истрагата треба да покаже дали се преземени сите безбедносни мерки. Факт е дека објектот е лесно запалив, бидејќи станува збор за барака, вели Ѓурчевски.

Родител на еден од загинатите: За што ќе ми е на мене живот?

Потресна изјава родител на еден од настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

„21 година, само што требаше да живее“, вели тој „за што ќе ми е на мене живот?“, додава.

притисни ентер