Жугиќ од протестот на ВМРО-ДПМНЕ: Загадениот воздух убива кога власта е неспособна

Заев и Шилегов не инвестираа ниту денар за подобрување на квалитетот на воздух, рече Јелена Жугиќ на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во Тетово, Струмица, Куманово и Битола.

Пред да почнам со изјавата би сакала да ве известам дека поради огромните бројки на заболени од вирус, вечерва одлучивме овој протест да го спроведеме со намален број на присутни, почитувајќи ги законските мерки на присутност на протест.

Се наоѓаме на прагот на грејната сезона, а мерните станици за загаденост на воздухот мерат 5-6 пати зголемено количество на канцерогени ПМ-10 честички во воздухот како во Скопје, така и во Битола, Тетово, Кичево и други градови низ Македонија.

Загадениот воздух убива кога власта е неспособна.

Зоран Заев пред 4 години вети дека откако ќе дојде на власт веднаш ќе го подобри квалитетот на воздухот и ќе го намали загадувањето. Зоран Заев ветуваше дека државата ќе инвестира во подобрување на квалитетот на животната средина и атмосферскиот воздух. 4 години потоа Зоран Заев нема спроведено ниту една мерка во насока на намалување на загадувањето. Македонија секоја зима се гуши. Скопјани дишат отров наместо воздух. И ниту Заев, ниту Шилегов како градоначалник на Скопје не направија ништо конкретно за намалување на загадувањето.

Зоран Заев, човекот што на цел глас викаше, верувам се сеќавате „Ајро, Ајро, Ајро“ сега седи во премиерската фотелја во зградата зад нас, дели тендери на потесното семејство и воопшто не му е грижа за граѓаните кои се гушат во смог.

Воздухот никогаш не бил позагаден, а негрижата на власта за здравјето на сопствените граѓани никогаш не била поголема.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва остави тегли со чист воздух од врвот на Водно пред Влада, бидејќи воздухот што го дишеме е се само не е чист. Чистиот воздух станува привилегија. Граѓаните се осудени да се гушат во смог заради неспособната власт, и нема да не изненади ако некоја следна бизнис идеја за која ќе бидат потрошени народните пари биде токму чист воздух во тегла. Иронично, но за жал крајно, крајно трагично!

Дека нема напредок воопшто и подобрување на полето на квалитетот на воздухот нотира и ЕК(Европската Комисија) во нејзиниот најнов извештај за Македонија, каде тие кажуваат дека власта нема направено ништо за намалување на загадениот воздух, ниту централната, ниту локалната, иако се и двете под една партија.

Ова почитувани граѓани е црвен картон и за Заев и за Шилегов.

И сега кога светот е погоден од најголемата пандемија на новиот век загадениот воздух е опасен катализатор за вирусот, бидејќи тој служи како трансмитер на истиот. Се соочуваме со проблеми од невидени размери. Токму затоа побаравме власта најитно да ги ослободи од работа хронично болните и бремените жени кои се под особена опасност како од пандемијата која галопира, така и од енормно загадениот воздух.

Бараме наместо милијардите дадени за поткуп, тендери и други проневери да се обезбедат пари за намалување на загадувањето и тоа веднаш.

Здравјето на граѓаните нема цена, рече Жугиќ.

Васев: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана партија во стечај

Недомаќинското и расипничко работење на оваа партија доведе до блокирани сметки и замрзнат имот.

Белата палата зад мене е седиште на партија во стечај која тоне во долгови.

Недомаќинското и расипничко работење на оваа партија доведе до блокирани сметки и замрзнат имот.

Извршителите тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотивите на поранешното криминално раководство на оваа партија.

Луксузот во овој бел дворец завршува како и секое криминално луксузирање.

Почитувани граѓани,

Во времето кога оваа партија 11 години се богатеше и се расфрлаше со државните пари, граѓаните беа соочени со сиромаштија и борба за опстанок.

Раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски покажува неспособност за менаџирање на сопствените средства.

И денес, без срам и перде овие расипници и недомаќини се уште имаат амбиции да ја водат државата и да располагаат со државниот буџет.

Но покрај таквите амбиции, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор и на прашањето каде се парите? Дали и во чии џебови завршиле? Особено што политичките партии добиваат и буџетски средства, пари од државата како помош во работата.

Оваа партија која важеше за најбогата партија во Европа, денес тоне во долгови, затоа што Мицкоски е неспособен.

Граѓаните веќе го препознаваат расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и затоа губат на избори и ќе останат длабоко во опозиција.

Стефан Васев од СДСМ

Иванка Трамп сослушана поради злоупотреба на средства

Иванка Трамп, ќерка и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше испрашувана под заклетва во граѓанска постапка поврзана со злоупотреба на непрофитни средства за инаугурацијата на нејзиниот татко пред четири години.

Обвинителството на округот Колумбија, Карл Расин, вчера во судски допис откри дека се опдржало сослушување.

Во судска постапка од јануари 2020 година, Расин тврди дека компаниите за недвижнини и други субјекти на доналд трамп злоупотребиле непрофитни фондови за да го збогатат семејството Трамп.

Според тужбата, непрофитна корпорација ослободена од даноци, наречена „58. Претседателски основачки комитет“, координирала со семејството Трамп значително да преплати за простор за настани во хотелот „Трамп Интернешнл“ во Вашингтон.

Енергетската иднина е во добивање енергија од вода

Енергетската иднина е во добивање енергија од вода. Златен фонд за обновлива енергија на планетата е водородот!

Македонската компанија Металотехника Прилеп разви специјална технологија за добивање енергија од вода!

Енергијата добиена од вода, со раздвојување на водород и кислород по посебна технологија може да се искористи во секојдневието и индустријата од мали, до средни и големи проекти, тоа да биде ефтин и неисцрпен ресурс и притоа да не се загадува животната средина, сметаат од Металотехника Прилеп.

Енерегетската иднина на Македонија е во искористувањето на обновливите извори на енергија добиени од ветар, сонце, биомаси и вода. Потреба што особено се наметнува во услови на зголемена потрошувачка на енергија, на константно зголемување на цената на енергетските ресурси, посебно на цената на суровата нафта, и особено важно поради константното загадување на животната средина која е неповратен ресурс.

Станува збор за извори на т.н зелена енергија кои се добиваат со релативно ниска цена, не ја загадуваат околината, нема потреба од увоз и се високо ефективен извор. Ветерниците, хидро централите, како и енергија од биомаси се познати на македонската јавноста, но она што е новитет во светот, што во некои високо развиени земји е хит, е добивање на енергија од вода, односно со нејзиното раздвојување на водород и кислород. А токму македонската компанија Металотехника Прилеп која оваа година слави 34 години од своето постоење, има создадено специјална технологија за раздвојување на водород и кислород, која може да се искористи на различни нивоа во секојдневието како и во индустријата од мали, до средни и големи проекти.

“Водата е материја во која најмногу се крие топлина, само е прашање на начинот и цената за одвојување на таа топлина. Водата гори, но за да даде топлина претходно треба да ги одвоиме водородот од кислородот. Благодарение на нашите повеќегодишни истражувања, како и анализа светските трендови за добивање енергија од обновливи извори, создадовме специјална технологија со која може да произведуваме ефтина, сигурна а еколошка енергија, која при нејзино добивање ќе емитува 40 пати помалку штетни гасови од дозволените. А резервите и ресурсите на вода во Македонија се огромни, и не треба да стравуваме дека овој ресурс ќе биде во недостиг во иднина”, смета Јандре Здравески Директор и еден од сопствениците на Металотехника Прилеп.

Со овој проект ние сакаме да изградиме мини термоцентрала до 1 Мегават јачина, а со тоа би добиле ефтина и чиста обновлива енергија, а би користеле водород кој нема потреба од складирање или дистрибуција на истиот, бидејќи се произведува на лице место според потребите на капацитетот на мини термоцентралата, односно обезбедува 100% автономност. Прашање е дали Државата е спремна, овој вид на енергија кој во светот е на далеку познат да го уврсти во обновливи видови на енергија и во нашата земја, додава Здравески.

Македонија има обврска, 20% од вкупното производсто на електрична енергија да ја добива од обновливи извори на енергија, што е просек и на дел од земјите членки на ЕУ, како Бугарија и Естонија, а што е предвидено и според ЕУ регулативите. Исто така и генералната светска политика ја задолжува секоја држава во наредните години до 2025 година да обезбеди од сопствени извори чиста енергија, односно енергија од обновливи извори, и да има своја енергетска стратегија. Македонија е планинска земја богата со вода, со предуслови за енергија која ќе се добива од вода. Во земјава најзастапени се хидропотенцијалот, ветерната енергија, сончевата енергија, и во сосем мали количини енергија добиена од био маса и био гас. Додека енергијата добиена од геотермални води, како и производство на енергија од водород е нешто што постои само во теоријата. А токму енергијата добиена од вода може да биде најефтината

Што би добиле: подобрување на енергетскиот баланс, помала увозна зависност на земјава, помал буџетски и трговски дефицит, на долг рок постабилни извори на енергија и секако намалена цена на електричната енергија, што ќе влијае позитивно на конкурентноста на домашните индустриски капацитети, кои и се најголеми потрошувачи на електрична енергија, и кои поголемиот дел од нив ја добиваат по субвенционирана цена, смета Здравески.

притисни ентер