Животните во Зоолошката градина по најсилниот земјотрес во неделата не можеле да се смират!

Мајмуните, коњите и птиците во скопската зоолошка градина не се преплашиле од синоќешниот земјотрес. Но, овие животни во неделата по најсилниот земјотрес изминативе пет дена не можеле да се смират со часови.

Животните што живеат во зоолошки и се родени тука не го имаат природниот инстикт како оние во природата, но сепак реагираат на промените. Она што може да се забележи е дека животните се смирени и според нивното однесување нема да има посилен земјотрес.

Први реагираат глодарите. Деновиве биле забележено глувци од вообичаено, но и тие се смириле. Во истражувањата покажуваат дека во природата пред земјотресите највознемирени се кучињата, жабите, змиите и мравките. 

притисни ентер