Жителите од улицата „Борис Сарафов“ на протест

Со поставување на семафори и лежечки полицајци да се стави крај на сообраќајниот хаос на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров, побараа жителите од оваа улица. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Американски експериментални таблети го блокираат ширењето на короната за 24 часа

Експертите од Институтот за биомедицински науки на Универзитетот во Џорџија,САД, објавиле дека експериментите врз животни покажале дека антивирусниот лек МК-4482 / ЕИДД-2801 целосно го блокира пренесувањето на вирусот ковид-19 во рок од 24 часа.

"Ова е прва демонстрација на орално достапен лек кој брзо го блокира пренесувањето на САРС-CoV-2. Молнупиравир може да промени сè", рече вирусологот Ричард Племпер од Универзитетот во Џорџија.

Бидејќи овој лек е во форма на апчиња и може да се зема орално, третманот може да се започне во многу рана фаза на болеста, што може да има три придобивки: може да спречи развој на потешки симптоми, да го скрати периодот кога пациентот е заразен за други лица и со тоа да ги потисне понатамошните локални фокуси , пишува Eureka Alert.

„Претходно забележавме дека МК-4482 / ЕИДД-2801 делува против широк спектар на респираторни РНК вируси и дека кај заразените животни на кои им се давал лекот, количината на вирусни честички се намалува за неколку редови, што пак драматично го намалува пренесувањето“, рече Племпер.

„Ова е причината зошто MK-4482 / EIDD-2801 стана добар кандидат за фармаколошка контрола на ковид-19“, додаде тој.

Племпер и неговите колеги ја тестирале ефикасноста на овој лек и на нутрии заразени со ковид-19.

„Сметаме дека нутријата е релевантен модел на пренесување затоа што лесно го шири САРС-CoV-2, но генерално не развиваат посериозни симптоми, што многу потсетува на текот на болеста кај помладите лица“, рече вирусологот Роберт Кокс од Универзитетот во Џорџија.

Научниците ги заразиле нутриите со коронавирус и започнале да ги третираат со молнупиравир кога започнале да ги исфрлаат вирусните честички од носот.

"Кога ставивме заразени нутрии кои примаа молнупиравир и здрави, неинфицирани во истиот кафез, ниту едно од здравите животни не се зарази. Од друга страна, кога ставивме заразени нутрии кои добија плацебо со здравите, сите контакти се заразија". , рече вирусологот Џозеф Волф.

Доколку овие податоци се мапирани на луѓе, тоа би значело дека луѓето со ковид-19 би можеле да престанат да бидат заразни во рок од 24 часа од почетокот на третманот.

Молнупиравир првично бил направен како лек против грип. Тој предизвикувал мутации во ензимите одговорни за репликација на вирусот. Кога репликацијата на вирусот е блокирана, треба да се спречи понатамошен развој или влошување на болеста.

Оваа студија била извршена кај животни и разгледала колку е ефикасен МК-4482 / EIDD-2801 во контролата на ширењето на коронавирусот меѓу нутрии, но овој лек во моментов поминува низ напредни клинички испитувања во фаза II / III за да се види дали е ефикасен во лекувањето на ковид- 19 кај луѓето. Втората фаза на клиничките испитувања, односно испитувањата врз луѓе, проверува колку е ефикасен лекот, а третата фаза колку е безбеден и кои се несаканите ефекти.

Студијата наречена Therapeutically administered ribonucleoside analogue MK-4482/EIDD-2801 blocks SARS-CoV-2 transmission in ferrets е објавена во списанието Nature Microbiology.

Кој ќе има приоритет при вакцинацијата против Ковид -19?

Министерот Филипче најави дека се обезбедени над 800 000 дози на вакцини..

Првата пратка од 833.000 КОВИД вакцини во земјава најдоцна до март. Приоритет ќе им се даде на лекарите и сестрите кои работат со болни од корона, лицата над 65 години, хронично болните со белодробни и кардиоваскуларни заболувања, вработените од критичната инфраструктура и транспортот.

Вакцината ќе се прима во две дози во веќе постоечките вакцинални пунктови и ќе биде незадолжителна, кажа денеска министерот Филипче. Веќе се преговара и за дополнителни 800.000 дози преку Европската унија. Понуди за дистрибуција на нови дози стигнале и од компании од Полска и Грција.

Од кога ке почне вакцинацијата? Деталите од Сања Трајковска Ставров..

МЗ:На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 843 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 843 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство. 

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 17 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1286 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

притисни ентер