Жител од с. Сирково е повреден во пожарот во близина на Росоман

Жител на селото Сирково во општина Росоман е повреден во пожарот што попладнево избувна во овој дел. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Фолклорна манифестација „На гости во Ханриево“

Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска напладне ќе се одржи фолклорната манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. 

На манифестацијата, што се одржува под покровителство на Општина Ѓорче Петров, три години по ред по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат богатото фолклорно наследство.

Како што велат од Општината, целта на манифестацијата е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традиција.

На годинашнава манифестација ќе учествуваат членови од детските ансамбли на: КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, Ансамбл „Керамичар“ – Велес, КУД „Димитар Беровски“ – Берово, Ансамбл „Орце Николов“ – Скопје, Ансамбл „Јонче Христовски“ – Скопје и ЕФЗ „Седум осмини“ од Скопје.

[Во реонскиот парк во Ѓорче Петров в недела на пладне ќе се одржи манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. Станува збор за фолклорна манифестација под покров]

Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров и е дел од одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“./МИА

Прво државно квиз првенство

Прво државно квиз првенство ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонската квиз асоцијација (МКА) кое е отворено за професионалци и дебитанти во индивидуални натпреварувања и во двојки.

Државното квиз првенство се состои од два настана, поединечно натпреварување и натпревари во двојки. Поединечното натпреварување се состои од пишани тестови со 200 прашања од осум различни области (спорт, наука, историја, свет, медиуми, животен стил, култура и забава) на кои што секој учесник треба да одговори точно, на што поголем број прашања, за два часа. Автор на квизот е Небојша Ангелов, искусен натпреварувач и победник на телевизиски квизови.

Натпреварите во двојки се состојат од вкупно 200 прашања кои ќе бидат распоредени во три дела. Првите два дела се состојат од по 80 прашања и времето за решавање за нив е 45 минути, а по нивното прегледување, најдобрите парови учествуваат во третиот финален дел кој се состои од 40 прашања и се решава 30 минути. Поените од трите дела се собираат, со тоа што поените освоени во финалната рунда вредат по двојно.

-Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на ова првенство односно оваа интересна и интелектуална квиз-забава, каде што можете да се натпреварувате и да го споделите Вашето знаење од разни занимливости! Единствени критериуми што е потребно да ги исполнуваат натпреварувачите е да сакаат да го покажат своето знаење и да сакаат дружба и забава и најважно, сите нешто да научиме. Ве охрабруваме, сите што имате желба да учествувате на вакви настани, да ни се придружите, велат од МКА. /МИА

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, во југозападните делови ветер

Во југозападните делови ветер со јачина над 70 км/час.

Времето утрово ќе биде посвежо, преку денот ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен односно над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи.

притисни ентер