Згаснувањето на овој клуб бугарскиот претседател Румен Радев го оцени како израз на паника од страна на македонските власти. Сепак, Радев смета дека овој чекор нема да ги обесхрабри нивните барања за внесување на Бугарите во Уставот.
-Многу лошо. Решението е израз на паника и немоќ. Скопје треба да признае дека има македонски Бугари, дека има бугарско присуство во Република Македонија. Не од денес, од вчера туку до векови, од 1300 година. Има бугарска историја. Забранувањето на имињата на бугарските клубови нема да ја за забрани упорноста на Бугарија и на нашите Европски партнери, Република Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, - Румен Радев – Претседател на Р. Бугарија.
Од бугарското МНР велат дека се длабоко вознемирени од бришењето на клубот Ванчо Михајлов.. Заменик министерот Којабашев обвини дека на Бугарите во земјава им биле ограничени правата на здружување и слободно изразување. За ова вели дека ќе се пожалеле и во Европската Унија, зашто како што вели, институциите во Скопје не изнеле вистински аргументи за оспорување на бугарските здруженија.
-Одлуката е непринципиелна, тенденциозна и еднострана ставање на имињата на здруженијата во искривен историски и идеолошки контекст. Фактот дека верувањата на Бугарите во Македонија не се компатибилни со тамошната историска доктрина, не значи дека не се компатибилни со правниот поредок и демократските принципи,- Костадин Којабашев – Зам. Министер за надворешни работи на Бугарија.
И покрај острите и заканувачки реакции од официјална Софија шефот на македонскта дипломатија Османи се воздржа да и одговори на бугарската страна. Причина како што кажа е тоа што не сакал да влегува во тамошниот предизборен фолклор.
Во меѓувреме, одлука чека и бугарскиот клуб од Охрид „Цар Борис Трети“ кој во законски предвидениот рок не ги достави потребните документи за пререгистрација до Централниот регистар. Од Министерството за правда информираат дека во следниот период Комисијата за употреба на имињата ќе треба да заседава и да даде позитивно или негативно мислење за користењето на називот на ова здружение..