Жестока предизборна кампања, програми, ветувања, црна кампања зачинета со „бомби“

Полека но сигурно се вжештува предизборната реторика, во која освен изборните ветувања партиите мегусебно разменуваат и мегусебни критики и обвинувања како за економијата, така и за националните прашања.. 

Црна кампања со меѓусебни обвинувања, манипулации и застарени националистички чувства наместо реално остварливи проекти и ветувања за подобрување на животот на граѓаните. Вака аналитичарите Тодор Пендаров и Агим Јонуз ја оценуваат досегашната предизборна кампања на партиите. Според нив секојдневното објавување на т.н „бомби“ за функционери од власта и опозицијата нема да извлијае врз определбата на гласачите, а голиот популизам што го продаваат партиите е на штета на граѓаните.

,, Имаме една апсолутно безпредметна кампања во која што никој тоа што ќе го вети не може да го оствари од многу проста причина што живееме во време на апсолитна неизвесност за тоа што не очекува утре, во време на коронавирус. Она што сите ние го голтаме како кампања сметам дека е нешто што 30 години не труе, а тоа е голиот популизам, оценува Агим Јонуз. Обвинувањата се тешки и манипулативни. ВМРО_ДПМНЕ во својата програма се фали дека нуди најразлични илјада проекти. Од друга страна СДСМ истото го прави. Сега се поставува прашањето ако ни е ваква економската состојба, и буџетот е во лоша состојба, од каде пари за такви проекти. Разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во суштина нема, смета Тодор Пендаров.

Инсистирањето на ДУИ за прв премиер Албанец, за двајцата аналитичари Пендаров и Јонуз, е играње на националистичка карта во отсуство на реални идеи, во период кога на интегративците им опаѓа поддршката. Како смешна ја оценуваат изјавата на Ахмети дека Гоце Делчев носел кече кога им се обраќал на Албанците.

,, Навистина е смешна изјавата дека Гоце Делчев носел кече. Она што ми се допаѓа е дека многу албански историчари кои си ја ценат науката тоа го негираа. Кои ја ставаат науката над се, а не политиката, вели Пендаров. Лично сметам дека целата кампања е еден гол циркуз, оценува Јонуз.

Очекувањата на аналитичарите се дека до самиот крај на кампањата реториката на политичарите ќе остане негативна, без драстични промени .

Видео: Алек Болдвин вознемируван од пропалестинска активистка

Глумецот Алек Болдвин се соочи со вознемирување од пропалестинска активистка, а видеото од тој настан на „Х“ е прегледано над три милиони пати.

На снимката направена во некое кафуле, додека Болдвин плаќа за својата нарачка и го држи мобилниот телефон на увото, жената со својот телефон го снима и неколкупати настојчиво бара од него да каже „Слобода за Палестина“ и да го опцуе Израел и ционизмот. Кога активистката сфаќа дека глумецот ја игнорира, таа ја менува темата. Следното прашање е: „Зошто ја уби таа жена? Ја уби жената и не доби затворска казна? Нема затвор, Алек!“

Активистката тука ја има предвид смртта на кинематограферката Халина Хачинс на снимањето на каубојскиот филм „’Рѓа“. За потсетување, Болдвин се соочува со обвиненија за ненамерното убиство на Хачинс во 2021 година. Продолжението на судењето за убиство од небрежност е закажано за 10 јули.

На видеоснимката, натаму глумецот почнува да се заканува со полиција, но девојката е упорна во своето вознемирување и на крајот, Болдвин ѝ го исфрла мобилниот телефон од рака.

Алек Болдвин ја отфрли одговорноста за ненамерното убиство на Хачинс. /МИА

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани утрово забележале намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви.

Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната вода и празнење на помошниот канал од водозафатот.

-Во изминатите седум дена имаше шест обиди за сечење на гумата и конечно, во текот на доцните вечерни или раните утрински часови, сторителот успеал во намерата. Несфатливо е зошто некој, токму на почетокот на сезоната за сеење на оризот, се одлучил на ваква постапка со која прави повеќекратна штета. Во прашање е доведено наводнувањето на околу 100 хектари оризови површини. Освен тоа, наместо средствата со кои располагаме да ги инвестираме во одржување на каналската мрежа, ќе мора дел да потрошиме за ангажирање служба за чување на гумената преграда. Настанот веќе е пријавен во полиција и очекуваме разоткривање на сторителот и на неговите мотиви за ова кривично дело, истакна Станче Стефанов, техничко лице во водостопанскта подружница „Брегалница“.

Во тек се активности за санирање на оштетувањето на гумената преграда, но постапката е отежната поради зголемената количина вода. Вработените во подружницата очекуваат до крајот на денот да ја нормализираат состојбата со наводнувањето, за да се избегне прекин на сеидбената сезона во овој регион, но и да не дојде до исушување на нивите кои веќе се посеани со ориз.

Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај

Претседател на Комитетот за уставно законодавство и државност во Горниот дом на Советот на Руската Федерација, Андреј Клишас денеска изјави дека инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на 7 мај.

Согласно руските закони, новоизбраниот претседател ја презема функцијата со мандат од шест години.

Инаугурацијата на Путин и во 2018 година се одржа на 7 мај. /МИА

притисни ентер