Денеска се измерени високи температури и тоа : 25 Попова Шапка, 28 Лазарополе, 31 Маврово, Крушево, 34 Охрид, Претор, 35 Берово, 36 Кр.Паланка, Прилеп, 37 Битола, 38 Тетово, Виница, 39 Скопје, Штип, 40 Струмица, 42 Д.Капија, 43 Гевгелија.
До крајот на денот времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец , а во текот на ноќта ведро и тивко.
И утре синоптичарите најавуваат сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ= 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 42 степена.
Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.