Жената позната како жртва во сексуалниот скандал со принцот Ендрју, повредена во сообраќајка - Канал 5

Жената позната како жртва во сексуалниот скандал со принцот Ендрју, повредена во сообраќајка

Вирџинија Џуфре - жената која го обвини британскиот принц Ендрју за сексуален напад, објави дека „ѝ остануваат уште четири дена живот“ по сообраќајна несреќа. 

Жената позната како жртва во сексуалниот скандал со принцот Ендрју, повредена во сообраќајка

На Инстаграм, таа напиша дека била „во возило во коешто удрил училиштен автобус со брзина од 70 милји на час“, на кривина.

„Настана бубрежна инсуфициенција, ми рекоа дека ми остануваат уште четири дена живот. Ме префрлаат во специјална болница за урологија. Подготвена сум да заминам, само сакам да ги видам моите деца уште еднаш. Но, знаете што велат за желбите. По**ри се во едната рака, а со другата посакај желба, на крајот ќе ти останат само г**нариите. Ви благодарам на сите прекрасни луѓе на светот, и што сте одличен дел од мојот живот. Бог да ве благослови сите, (бакнежи), Вирџинија“ - гласи објавата на Џуфре.

Таа, инаку, го тужеше принцот Ендрју за сексуален напад во август 2021 година. Се тврдеше дека имал секс со неа кога имала 17 години, што, како што таа вели, го договорил неговиот пријател - милијардерот Џефри Епстин.

Принцот во неколку наврати ги отфрли обвинувањата, а против него не беше поднесена кривична пријава. Во март 2022 година, имено, Џуфре и Ендрју постигнаа вонсудска спогодба.

Вирџинија Џуфре пристигнала во куќата на Епстин откако била „регрутирана“, т.е. привлечена од неговата помошничка Гислајн Максвел, која ѝ ветила помош во обуката како масерка. Вирџинија тврдеше дека на 16-годишна возраст била заробена од педофил и во тоа време немала поддршка од семејството. Епстин, се вели, сексуално ја експлоатирал и ја подведувал кај неговите влијателни пријатели, вклучувајќи го и принцот Ендрју.

Според неа, таа излегла од тој свет откако ги убедила Епстин и Максвел да ја испратат во Тајланд за да научи тајландска масажа. Таму го запознала сегашниот сопруг, кој набргу ја запросил и се преселиле во Австралија. Пред да замине во Тајланд, Максвел ѝ понудила на Џуфре да го роди детето што го носела и да ѝ го додели старателството нејзе и на Епстин.

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до Еди Рама и Социјалистичката партија на Албанија по повод победата на парламентарните избори.

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

„Искрени честитки до Еди Рама и нашата сестринска Социјалистичка партија на Албанија за убедливата изборна победа. Му посакувам успех во новиот, четврти мандат“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека оваа победа е уште една потврда дека граѓаните силно ги поддржуваат социјалдемократските вредности и прогресивните политики.

„Убеден сум дека Албанија ќе продолжи по патот на напредокот, стабилноста и европска интеграција. Со Еди очекувам продолжување на одличната соработка меѓу нашите партии и зацврстување на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија“, наведува Филипче во честитката.

СДСМ

Полицајците денеска излегуваат на протест, бараат повисоки плати

Независниот синдикат на полицијата денеска ќе излезе на протест на кој ќе бараат да се почитува законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.

Полицајците денеска излегуваат на протест, бараат повисоки плати

Протестот е закажан да се одржи пред судовите во Скопје, на крстосницата кај „Мавровка“.

Од Независниот синдикат велат дека поддршка ќе имаат и од нивните колеги од полициските синдикати од Република Црна Гора и Република Србија.

„Утре е денот кој го поздравија и поддржаа речиси сите балкански полициски синдикати, освен нашите таканаречени, кои не собраа храброст ниту да го споделат повикот за протест. Утре е денот кога синдикалци од Црна Гора и србија ќе патуваат по неколку часа да застанат рамо до рамо со нашите колеги и да дадат поддршка, а нашите ‘синдикалци’ ќе се кријат по канцелариите од колегите на кои од утре ќе треба да им објаснат зошто постојат и зошто не се одзваа на поканата“, се вели во повикот за протест објавен на фејсбук-страницата на Независниот синдикат.

Студентите од Србија кои „патуваат за правда“ стигнуваат во Брисел

Српските студенти кои на 25 април од Нови Сад го започнаа штафетниот ултрамаратонот низ Европа, попладнево пристигнуваат во Брисел. 

Студентите од Србија кои „патуваат за правда“ стигнуваат во Брисел

Во рамки на ултрамаратонот насловен „Од Нови Сад до Брисел - Патување од 1.950 километри за правда“, 21 студент од Србија, пред да стигнат до Белгија, со штафетно трчање минаа низ Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Луксембург.

Маратонот е дел од шестмесечната кампања за барање одговорност и правда за 16-те загинати при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

Предвидено е за време на престојот во Брисел студентите-маратонци да се сретнат со претставници на повеќе европски институции за да разговараат за „нивните барања за одговорност, правда и демократија“.

Студентската иницијатива, што започнаа со 16-минутен протестен молк во чест на 16-те изгубени животи на железничката станица во Нови Сад, изминативе месеци прерасна во масовно протестно движење со барање одговорност за трагедијата, транспарентност во работата на државните институции и крај на системската корупција во Србија. /МИА

притисни ентер