Жена заразена со коронавирус избегала од болница, хаос на улиците (ВИДЕО)

Жена заразена со коронавирус е уапсена во Консепчион, Чиле, откако избегала од болницата Лас Игуарас во Талкахуан, пренесува „Алмадар њуз“.

Исто така, се појави и видео од апсењето, во кое се гледа како полицајците ја бркаат жената.

Според извештаите на медиумите, жената боледувала од Ковид-19 и ја напуштила болницата без лекарско одобрение и отпусно писмо.

Продавницата во која е уапсена жената е затворена за дезинфекција по инцидентот.

Во Чиле се пријавени 3.000 случаи на зараза со коронавирус и 16 смртни случаи.

притисни ентер