Жена во паника изгуби контрола над Мерцедес и пропадна во ендек (ВИДЕО)

Снимката од видео надзор покажува што може да му се случи на неискусен возач, особено кога работите ќе тргнат наопаку.

И не треба многу за ваков возач буквално да тргне надолу. Ова е жена зад волан на Мерцедес. Влегува во автомобилот и почнува да ја паркира лимузината во рикверц. Меѓутоа, возењето наназад додека истовремено го врти воланот ѝ е премногу, па Мерцедесот се заглавува.

Гледајќи дека е заглавена и најверојатно го изгребала автомобилот, жената излегува и ја проверува ситуацијата. Се обидува да ја помести пречката, но не успева. Бидејќи не можела да го придвижи автомобилот, таа повторно излегува од автомобилот и овој пат успева да ја помести тешката пречка. И тогаш почнуваат вистинските проблеми бидејќи автомобилот почнува неконтролирано да се движи наназад. Очигледно е дека под впечаток на ситуацијата во која се нашла, заборавила да го стави менувачот во П, па автомобилот лесно се лизнал наназад.

Жената очигледно е во паника и наместо да скокне во автомобилот, се обидува да го запре држејќи ја вратата. Не ѝ успева и Мерцедесот конечно завршува во некаков ров со секако голема штета. Среќа во несреќата е што жената не била повредена.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер