Жан Митрев за начинот на лекување на тешко болните пациенти од Ковид-19

Доктор Жан Митрев го објаснува успешниот третман на  лекување на тешко болните пациенти од корона вирус во клиниката ,,Жан Митрев”..

,,Сите примени пациенти беа со изразена ковид инфекција. Нивните симптоми беа повеќе дневни, воглавно лекувани во домашни услови и во болнички услови. Кога тие ќе дојдат кај нас на база на овие параметри, кои ги следиме за секој пациент во лабораториски услови го одредуваме лафаматорниот индекс на пациентот. Ако тој расте и се влошува функцијата на плуќата знаеме дека исходот оди кон лошо, веднаш пациентите ги вклучуваме на екстракопорална филтрација со прочистување на крвта во траење од 24 часа. Досега со овој начин на лекување третиравме 25 пациенти. На тој начин избегнавме пациентите да ги поставиме на респиратори, вели за начинот на лекување на пациентите со корона доктор Жан Митрев.

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија.

Станува збор за 32 годишeн скопјанец против кого, според министерството за внатрешни работи, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инцидентот на токсикологија се случи вчера попладне. Дежурниот доктор го препратил неговото малолетно дете на педијатрија по што бил нападнат од таткото и со површен хематом и расекотини на главата завршил кај колегите на ургентен, а потоа пуштен на домашно лекување.

Министерот за здравство, Венко Филипче синоќаза случајот реагираше на фејсбук,.

-Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, напиша Филипче.

Османи на средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да оствари работна средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу како дел од нејзината тура на земјите од регионот.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, во првиот дел на посетата, Брегу на средбата со Османи ќе разговара за евроатлантски перспективи на целиот Западен Балкан.

-За време на средбата се очекува да стане збор за иницијативноста и активностите на Советот за регионална соработка за време на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД19, а ќе се разговара и за односите со соседите врамени во мултилатералните и регионалните иницијативи. Ќе се разговара за европските перспективи на земјата и регионот, а особен акцент се очекува да се стави на претстојниот Софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, информираат од МНР.

За време на нејзината посета на Македонија ќе бидат остварени средби со високи владини претставници./МИА

Сончево време со мала облачност на последниот ден од летото

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. 

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На последниот ден од летото, минималните температури ќе се движат од 8 до 12 степени, а максималните од 23 до 29 степени. Во Скопје минимална температура до 10 степени, максимална до 29 степени.

УХМР и за првиот ден од есента најавува сончево време со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

притисни ентер