Зголемен бројот на тестирањата за сифилис

Зголемен е бројот на граѓани кои бараат да се тестираат за сифилис.

Од Клиниката за инфективни болести велат дека тестирањето за сифилис е дел и од лекарскиот преглед и кај пациентите кои се ХИВ позитивни, но и дека често доѓаат и пациенти кои имаат промена на кожата на гениталиите, а не се ХИВ позитивни.

Она што се уште е многу важно е да се зборува за сексулано преносливите болести, никако не смеат да бидат табу тема. Стевановиќ вели дека од дијагностицирањето, долекувањето и понатамошното следење мора да биде подобро организирно помеѓу здравствените установи.

Сифилисот во 90 % од случаевите се пренесува преку незаштитен полов акт, анален, вагинален или орален секс. Во 10 % од случаевите се пренесува и преку бакнежи. Превенцијата од сифилис се состои од редовна заштита при сексуален однос, како најдобра заштита сеуште се смета кондомот. Сепак кај луѓето кои имаат често сексуални односи со различни партнери се препорачува како превенција честа проверка на крвтa, препорачуваат инфектолозите и дерматовенеролозите.

Економските односи главна тема на разговорите меѓу Путин и Си

Економските односи главна тема на разговорите меѓу Путин и Си, се очекува потпишување два големи договора.

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг се пред вториот ден од разговорите за економските односи и се очекува двете страни денеска да потпишат два големи договора за проширување на „сеопфатното партнерство“ и за „стратешката соработка“.

Како што пренесуваат странските агенции, Си и Путин вчера разговараа четири и пол часа, нарекувајќи се еден со друг „драг пријател“, а меѓународно изолираниот руски лидер рече дека е отворен да разговара за предлозите на Кина за решение на војната во Украина.

Рускиот лидер за време на средбата рече дека е отворен за разговори за Украина и го пофали предлогот на Пекинг за конфликтот од 12 точки, што вклучува повик за дијалог и почитување на територијалниот суверенитет на сите земји.

Економската соработка ќе заземе централно место денеска во разговорите меѓу кинескиот и рускиот лидер.

Двете страни треба да потпишат два големи договора за проширување на „сеопфатното партнерство“ и „стратешката соработка“, соопшти Кремљ. На состанокот ќе присуствува и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Според Москва, на дневен ред се и прашања за воено-техничката соработка.

Според Кремљ, по разговорите се планирани изјави на Путин и Си.

Ембид и Сабонис прогласени за играчи на неделата во НБА

НБА на својата официјална веб-страница ги прогласи најдобрите играчи за изминатата недела.

Во Западната конференција, најкорисен играч на неделата беше кошаркарот на Сакраменто кингс, Домантас Сабонис. „Кралевите“ имаа три победи во четири натпревари, а Сабонис просек од 22,8 поени, 16 скока и 10 асистенции по натпревар.

Во Источната конференција наградата му припадна на центарот на Филаделфија, Џоел Ембид. Неговиот тим освои три победи. Просекот на играчот е 35 поени, 12,7 скока и 3,3 блокади.

Сакраменто е на 4.место на Запад, додека Филаделфија на третата позиција во Источната конференција.

Јапонскиот премиер Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев

Јапонскиот премиер Фумио Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев, јавија јапонските медиуми.

Кишида е единствениот лидер на Г7 кој се уште не ја посетил Украина од почетокот на руската офанзива кон крајот на февруари минатата година.

Се очекува тој да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а двајцата ќе разговараат за јапонската поддршка за обновата на Украина.

Во мај Кишида ќе претседава со тридневниот самит на Г7 во јапонскиот град Хирошима.

притисни ентер