Зголемен бројот на новозаразени, вакцините против грип дел од стратегијата за справување со КОВИД-19

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица, е билансот што го регистрира вчера Министерството за здравство.

Според податоците, по Скопје, најголем број новозаразени има во Штип, Куманово, Гостивар, Тетово и Велес.

Министерот за здравство, Венко Филипче најави зголемување на бројот на бесплатните сезонски вакцини против грип како дел од стратегијата за справување со КОВИД-19, а рече и дека се преземаат чекори за зајакнување на болничките капацитети, за брзо тестирање, како и за зголемување на медицинскиот персонал во пресрет на евентуален нов корона бран оваа есен.

Инфективната клиника, пак, овој месец ќе биде „зајакната" со шведско искуство за нега на пациенти болни од КОВИД-19.

-Дел од нашата стратегија е двојно да ги зголемиме бесплатните сезонски вакцини против грип. Вакцината нема да биде задолжителна, но таа и тоа како е важна мерка за заштита против КОВИД-19, особено за луѓето од најранливите групи. Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците..., за тие кои сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, зашто за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која нема вакцина, нагласи Филипче.

Според него, продолжува изградбата на модуларни болници во 16 општини низ земјава и моментно нема недостаток на специјалисти иако лекарите веќе почнале да ги користат одморите.

-Прво ги спремаме 16-те КОВИД центри по примерот на модуларната болница до Инфективната клиника, за да се зголеми бројот на болнички кревети во сите болници ширум државата, и целосно да се одделат овие пациенти со КОВИД-19. Во секоја од овие 16 ќе има брза дијагностика, да се знае веднаш по приемот дали пациентот е носител или не на вирусот, да се знае по која патека да се движи, напомена Филипче.

Медицинскиот техничар од Шведска, Ханс Јорген Михаел Селберг кој пристигна во земјава на четврти август преку европскиот механизам за цивилна заштита, ќе им помогне на своите колеги од Инфективната клиника при нега на пациенти болни од КОВИД-19. Тој ќе престојува на Клиниката еден месец за да ги пренесе своите искуства.

На Инфективната клиника, како што покажува последната, вчерашна статистика на Министерството за здравство, примени се четири пациенти, а вкупно хоспитализирани се 80. На кислородна поддршка се 37, а ниту еден не е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и четири деца позитивни, додека тројца се суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември" се примени девет нови, а вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се петмина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.754, оздравени се 7.622, починале 523, а активни случаи има 3.609.

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

притисни ентер