Зевзекманија

Секоја сабота во 18:30!

Емисија за топење на наталоженото општествено сало. Хумор, сатира, цинизам, забава, пародичен поглед на нашата убава Македонија.

Дами и господа, селани и селанки, другарки и другари, време е за диета.

Во Србија 1483 новозаболени, 19 починати

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 9434 лица, од нив позитивен тест на коронавиурусот имале 1483, од последици предизвикани од корона починале 19 лица.

Според последите податоци од Министерството за здравство на Србија и Институтот „Батут“ во болниците низ земјата на респиратор се вклучени 165 пациенти.

Најголем број на новозаболени има во Белград 411, потоа Ниш, 51, Ужице и Краљево 42...

Хаос во Москва,протест на подржувачите на Навални, уапсени најмалку 1600 демонстранти

Во Москва денеска поддржувачите на лидерот на опозицијата Алексеј Навални оддржаа протести. Со овој протест тие сакаа да му изразат поддршка на уапсениот Навални.

Во центарот на Москва според проценката на Ројтерс протестирале околу 40 000 граѓани. Инаку Навални на 17 јануари беше уапзсен од руската полиција веднаш по пристигнувањето на аеродромот Шереметјево по лекувањето во Германија .

Во центарот на рускиот главен град полицијата ги пречека демонстрантите и преку разглас им порача.

„Драги граѓани, овој собир е незаконски.Даваме се од себе за да ја осигураме вашата безбедност. Бидете внимателни, и ако е можно напуштете го овој илегален настан“, пренесе Индекс.

Според најновите информации на новинарите коие го следеле протестот, полицијата досега уапсила најмалку 1600 демонстранти, меѓу нив е и сопругата на Навални, Јулија.

Судењето за импичмент на Трамп ќе започне во втората недела од февруари

Судскиот процес за импичмент на поранешниот американски претседател Доналд Трамп под обвинение за „поттикнување бунт“ за немирите во капитол ќе започне во втората неделат од  февруари.

„Судскиот процес ќе се одржи во Сенатот на САД и ќе се гласа дали ќе биде осуден претседателот“, рече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.

Трамп е првиот претседател на САД на кој двапати му беше изречен импичмент и првиот на кого му се суди по напуштањето на функцијата. Тој замина за Флорида, кога неговиот мандат заврши на 20 јануари и не присуствуваше на инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден.

Немирите на Капитол на 6 јануари од страна на демонстрантите и поддржувачи на Трамп доведе до смрт на пет лица, вклучувајќи и еден полицаец.

притисни ентер