ЈОРМ: Во истрагата за пожарот во Кочани се вклучува и обвинител од ОЈО Штип

Тројца јавни обвинители вршат увид на местото на пожарот во Кочани и ги прибираат сите потребни докази.

Поради потребата од преземање повеќе дејствија за пожарот во дискотеката во Кочани од кои дел во Основното јавно обвинителство Штип, обвинителскиот тим е проширен и е вклучен уште еден, шести јавен обвинител од штипското Oбвинителство, информираат од Јавното обвинителство.

Претходно денеска во изјава за медиумите јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој заедно со тим од петмина обвинители е во Кочани, изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место.

Тројца јавни обвинители вршат увид на местото на пожарот во Кочани и ги прибираат сите потребни докази.

- Можам да гарантирам дека истрагата ќе биде навистина целосна, брза. Ќе ангажираме вештаци од сите области така што ќе ги видиме причините и ќе видиме чија е одговорноста, рече Коцевски.

Коцевски не откри колку лица досега се приведени, посочувајќи дека во текот на денот и за тоа ќе биде информирано.

- Откако Јавното обвинителство е известено формиравме тим од петмина јавни обвинители, со тоа што двајца јавнио обвинители од ОЈО Скопје, еден јавен обвинител од ОЈО Штип и двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани. Дел од обвинителитре се на терен, а другиот дел издаваат наредби за одредени процесни дејства, посочи обвинителот.

Коцевски изрази сочувство до семејствата на загинатите, до граѓаните на Кочани и до целиот македонски народ. - Се работи за голема трагедија, рече тој.

Според последните информации, во пожарот загинаа 59 лица, а повредени се 155 лица. Се работи за претежно млади лица, меѓу кои и малолетници.

Сочувство од СПЦ по повод трагедијата во Кочани

Српскиот патријарх Порфириј упати писмо до Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан по повод трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, јави МИА од Белград.

„Ние штотуку му се помоливме на воскреснатиот Господ на Божествена служба, заедно со свештенството и верниот народ на главниот град Белград, за нашите браќа и сестри, верници на нашата сестринска Македонска православна црква, кои пострадаа синоќа во Кочани“, нагласи патријархот, соопшти Српската православна црква.

„Заедно со нашиот верен народ, сме соединети со Вас во тагата, затоа што оние што само ги направиле првите чекори на патот на животот, го напуштиле, но и дека сме обединети во молитвата кон Господа да ги смести таму каде што нема ниту тага, ниту воздивнување, туку таму каде што животот е бесконечен“.

Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на починатите

Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот, изјави денеска директорот на КБ Штип, Владко Захариев. 

Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. Во болницата сместени се 39 пациенти, претежно со изгореници од втор степен.

- Во Штипската клиничка болница донесени се седум деца без знаци на живот. Тие се починати. Во моментов има седум тела во Клиничката болница во Штип. Во моментот е процесот на идентификација, четири се идентификувани од страна на полицијата, три тела се во процес на индентификација. И сега во моментот на тие што идентификувани, се потврдување од семејствата, изјави Захариев.

Во Клиничката болница во Штип згрижени се 39 пациенти од несреќата. Од 03:30 до 05:00 часот во Клиничката болница во Штип биле донесени 80 пациенти и на сите им била направена тријажа.

- Донесовме одлука првин да ги праќаме тие пациенти што се со полесна клиничка слика, додека тие што ги пративме во клиниките во Скопје се пациенти кои беа покритични во моментот. По нивната стабилизација во консултација и координација со клиниките во Скопје со помош заедно на заменик министерот ги упативме во Државната болница, во ГОБ „8 септември“ и Градската општа болница, изјави Захариев.

Во моментот во болницата во Штип се сместени 39 пациенти, претежно со втор степен изгореници, едниот пациент има повреда на потколеница на лева нога и е сместен на ортопедија, тој утре ќе се оперира.

Во болницата во Штип, сиот персонал е на работа, има доволно антиобиотици, завои, серуми … Како што изјави Захариев, пикот на прегледи и тријажи е завршен, пациентите се згрижени во Болницата, примаат терапија и нема потреба од помош од други болници. Захариев се заблагодари на болниците во Струмица, Кочани и Пробиштип и сите здравствени институции кои излегле во пресрет со испраќање на екипи и санитетски возила.

притисни ентер